Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема епитет што не ми го спомнавте, нека се погледне во огледало секој што обвинува – Џафери до опозицијата

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 30, 2022 12:50

Нема епитет кој не ми го спомнавте на лична основа. Ако мислите дека треба на такво ниво да се спуштиме, јас нема да дозволам. Да се погледне во огледало секој што ќе стане да го обвинува другиот, рече собранискиот претседател Талат Џафери во своето обраќање пред пратениците за интерпелацијата што ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Секој сам да се преиспита што е што во нештата, кога ќе се спорат фактите и аргументите. Нема да дозволам да се узурпира Собранието. Нема да дозволам да се вратат сликите од 27 април. Јас не ги отворив вратите да ги загрозам животите на луѓето, рече Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ во интерпелацијата наведува дека спикерот Талат Џафери со серија погрешни постапки направил повреда на собранискиот Деловник и како што од говорницата рече пратеникот Никола Мицевски и покрај добрите работи што ги направил факт е дека тој ја попречувал опозицијата во собраниските дебати.

– Во дискусии, со злоупотреба на европското знаменце, со злоупотребата на скратените постапки, Деловникот, вие имате сторено огромна повреда на Собранието. Очекувам сите пратеници кои потајно коментираат, вечерва до полноќ да гласаат за интерпелацијата, рече Мицевски.

Деловникот пропишува претресот по интерпелацијата да трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а гласањето е на полноќ.

Седницата ја води Горан Мисовски, потпретседателот на Собранието.

С.М.

 

 

 

 

Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.