Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата бара да му се симне имунитетот на Адеми, тој обвинува дека одработуваат за странски центри

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2022 13:03

Пратениците од владејачкото мнозинство го осудија инцидентот во Собранието и ги повикаа своите колеги од опозицијата да ги смират страстите за да не дојде до поголеми инциденти во законодавниот дом по вчерашните сцени на насилство на седницата на Комисијата за европски прашања, што ја предводи Арбр Адеми, пратеник од ДУИ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, бара за случајот истрага да отвори Јавното обвинителство и да му се одземе имунитетот на Адеми за да може да му се суди за кривично дело.

Адеми, според видео материјалот од вчерашната седница кој стана достапен до јавноста откако пратеникот Мите Лефков го објави на социјалните мрежи, во еден момент кога околу него се собраа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  ја подигна шолјата за кафе која беше пред него и ја фрли кон опозициските пратеници. Потоа тој фрли и други предмети, а со шише за вода го погоди пратеникот Антонио Милошоски, кој во еден момент му се обрати со зборовите – „ Ајде удри, удри!“.

Адеми ја подигна шолјата за кафе која беше пред него и ја фрли кон опозициските пратеници

Адеми, кој беше и министер за образование и наука утрово не одговори на телефонските повици од Нова, но подоцна за ТВ 21 изјави дека жали за овој немил настан и додаде дека не чувствува вина за инцидентот за кој одговорноста ја префрли врз пратеникот Милошоски и врз опозициските пратеници.

– Тоа не требаше да се случи. Секако реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и да не потпаѓаме на провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенди за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Жалам за ваквите сцени и очекувам ваквите моменти и ситуации да не бидат поттик за судири во Собранието, изјави Адеми за ТВ 21.

Милошоски утрово во полициската станица Центар поднесе пријава, но за друг инцидент поттикнат од Валмир Азири од ДУИ, државен секретар во Министерството за култура, кој преку социјалните мрежи се закани со физичко насилство.

Пратеникот од ДУИ Арбен Зибери во изјава за Нова го осуди вчерашниот инцидент на Комисијата за европски прашања, а одговорноста според него треба да се бара во опозициските пратеници кои, вели поттикнуваат такво однесување.

– Опозицијата не избира средства да ја блокира работата на Собранието поради што и се случи тој настан. Недозволиво е тоа што тие му го направија на колегата Адеми, сепак тој е претседател на Комисијата и не може да му се исклучувааат каблите и да се попречува неговата работа во моментот кога требаше да се гласа дневниот ред, вели Зибери за Нова.

Милошоски, утрово не беше достапен за Нова, но по инцидентот реагираше дека Комисијата за европски прашања се претворила во Див Запад и дека не се почитуваат ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста.

„Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на Комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме измени и дпополнувања пред да биде усвоен дневниот ред. Ние имавме конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавме да ги предложиме во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и се уште се актуелни“, изјави Милошоски.

Пратеничката Дафина Стојаноска тврди дека Арбер Адеми вербално и физички ги нападнал пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и поради тоа, како што изјави денеска, треба веднаш да поднесе оставка.

Со реакција денеска излезе и пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во која објаснуваат како дошло до инцидентот. Тие тврдат дека Адеми им оневозможил на пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски и Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки на седницата, пред да биде усвоен дневниот ред.

– Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално и почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвентар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата. Основот за ова насилие е носење на закон за противправно продолжување на мандатот на Кацарска, судиите, Русковска и обвинителите, кое владејачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка, велат пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

Тие оценуваат дека вчерашниот инцидент претставува кривично дело.

– Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се одземе имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција имаше и од кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери во која тој вели дека веднаш по настанот имало координација на која бил донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма.

– На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието, велат од кабинетот на Џафери.

Кабинетот на Џафери информира и дека на координацијата биле поканети сите претставници на политичките партии, а се појавиле само Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, и пратеничката од „Алтернатива“, Сафије Садики Шаини, а не и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса на Албанците.

С.М.

 

Арбр Адеми насилство Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.