Author: НОВА ТВ Mitreska

Бележниците на англискиот научник Чарлс Дарвин коишто биле украдени пред 21 година, сега се анонимно вратени во библиотеката на Универзитетот Кембриџ, објави „Дејли мејл“. Првично, вработените во библиотеката претпоставуваа дека се на погрешна полица, па ја пребараа целата библиотека, којашто содржи околу 10 милиони книги, мапи и ракописи, но тетратките што недостасуваа, не беа најдени. Во октомври 2020 година, полицијата во Кембриџшир беше известена за исчезнатите тетратки. Оттаму покренаа истрага, па било пријавено и во Интерпол. Година и пол подоцна, белешките, кои го содржеле и познатиот цртеж на Дарвин од 1837 година – „Дрвото на животот“, сега се на своето…

Read More

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 82, а Екстра лесното масло…

Read More

Талат Џафери, претседателот на Собранието кој вчера беше обвинет дека ја откажал седницата на Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните тврди дека тоа го направил не затоа што сакал некого да заштити, туку дека седницата не била свикана според Деловник. Пратеникот Халил Снопче претходно обвини дека Џафери направил преседан затоа што на седницата требало да се разгледа информацијата за трагедијата со модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа во Бугарија, како и претставката на граѓанинот Мухаедин Беља, државен советник во Министерството на одбрана. Џафери не му дозволил на претседателот на Анкетна комисија за заштита на…

Read More

Седум месеци по трагедијата во тетовската модуларна болница се уште е неизвесно дали ќе има кривична одговорност за 14 животи кои згаснаа во катастрофалниот пожар на 8 септември лани. Тетовското обвинителство неодамна информираше дека надлежните обвинители секојдевно работат на случајот и дека детално го анализираат извештајот од германските експерти во кој на седум страници се содржани битни елементи за несреќата, но не прецизираа кога ќе излезат во јавноста со конечен извештај како се случила несреќата и дали некој и кривично ќе одговара. Нова Тв побара одговори од Основното Јавно обвинителство од каде што велат дека предметот за пожарот во модуларната…

Read More

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, во својство на застапник на обвинението за случајот „Топлик”,  жалба, како што најави, најверојатно ќе поднесе за пресудата против лицето Димитар Димовски, кој од Кривичниот суд – Скопје, денеска беше осуден на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не стори ново кривично дело. – Генерално сум задоволен од казната на обвинетите, освен што сметам дека најверојатно можам да се жалам за еден од обвинетите за кој не сум задоволен од изречената казна – тоа е лицето Димитар Димовски, затоа што видно од изведените докази сметам дека тој имал значајна одговорност во…

Read More

Три и пол години затвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески пресуди судечкиот совет во случајот познат во јавноста како „Топлик“, а покренат поради злоупотреба на службената положба и овластувања при продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште. Со сторените злоупотреби, според судот, обвинетите го оштетиле буџетот за милион евра од камати поради пропаднатиот договор за купопродажба на земјиштето за комплексот „Сончев град”. Обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Томе Ѓурчилов доби тригодишна затворска казна, а Димитар Димовски, Марица…

Read More

„Фокус“, поточно уредничката Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов го добија случајот со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во Судот за човекови права во Стразбур, објави веб изданието на весникот. Апликацијата, како што потсетува „Фокус“ беше поднесена во 2016 година, откако пред домашните судови, весникот и новинарите беа осудени за клевета и навреда на тогашниот директор на УБК, за што му платија штета од над 9.000 евра. Текстовите беа објавени во сега згаснатиот дневен весник „Фокус“, каде што беа пренесени изјави од поранешниот амбасадор на Чешка Игор Илиевски, кој тврдеше дека бегал од Чешка поради притисоците од Мијалков. Во…

Read More

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 18.2 отсто од испитаниците aко утре се одржат парламентарни избори, покажуваат резултатите на анкетата спроведена од ИПСОС од 2 март до 15 март годинава. Анкетирани се 1.007 испитаници, а  анкетата е направена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е политичар со најголема доверба, претседателот Стево Пендаровски е на второ место, а трет е премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. На прашањето, за кој би гласале доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори 9.5 отсто рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 4.1 отсто за ДУИ, 4 отсто за Левица, 3.5 отсто за Алијанса…

Read More

Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав. Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбазки ја соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница. Таа прецизира дека Џамбаски ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците.…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика ( РКЕ) има став дека не се потребни измени во постојната регулативата за читање на струјомерите, затоа што таа обезбедува или точна наплата на потрошената електрична енергија кога било возможно отчитување на броилото, или порамнување на наплатената електрична енергија со наредното отчитување, кога не било возможно навремено отчитување на броилото, велат за Нова од РКЕ. Народниот правобранител Насер Зибери, поттикнат од претставки на граѓани во врска со високите сметки на струја најави дека ќе побара измени во регулативата за читање на струјомерите со оглед на тоа што граѓаните се жалеле дека плаќаат авансно, многу повеќе од…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски утрово на Твитер објави реакција во врска со снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. – Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!, напиша Ковачевски на Твитер.

Read More

Откако топката за одговорноста на судијата и претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев кој заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и министерот за правда Никола Тупанчевски присуствуваа на фудбалските натпревари на македонската репрезентација се префрли во Советот за етика, се појавија сомнежи дека случајот „Палермо“ може да заврши и во корпата за одбиени приговори. Сепак, Судскиот совет во членот 77 од Законот за судови гледа можност да се направи проверка на поведението на судијата во контекст на етичкиот кодекс според кој е забрането судијата, членовите на неговото семејство или лица кои живеат во исто домаќинство со него, да примаат, ниту…

Read More