Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топката за Нанев во мрежата на колегите: Судија не смее да го користи угледот за задоволување на приватните интереси!

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2022 15:34

Откако топката за одговорноста на судијата и претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев кој заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и министерот за правда Никола Тупанчевски присуствуваа на фудбалските натпревари на македонската репрезентација се префрли во Советот за етика, се појавија сомнежи дека случајот „Палермо“ може да заврши и во корпата за одбиени приговори.

Сепак, Судскиот совет во членот 77 од Законот за судови гледа можност да се направи проверка на поведението на судијата во контекст на етичкиот кодекс според кој е забрането судијата, членовите на неговото семејство или лица кои живеат во исто домаќинство со него, да примаат, ниту да бараат никакви подароци, иако примениот подарок се доведува во корелација со судско постапување во судски предмет против оној што подарил, а го води судијата што примил подарок. Судскиот совет смета дека сепак тоа е една од можностите да се направи проверка. Од друга страна, пак, неофицијално, можно е случајот „Палермо“ да се урне и како кула од карти, затоа што и да се утврди дека судијата летовите до Палермо и до Порто ги примил како подарок од ФФМ, тој не злоупотребил пари од буџетот. Во овој контекст се споменува и тоа дека Нанев е поранешен член на Управниот одбор на ФФМ кој со години наназад  не само што присуствувал на фудбалските натпревари на македонската репрезентација на кои редовно во вип ложата имало резервирано места за политичари, функционери, пратеници, судии, обвинители, туку и учествувал во нивна организација.
Овој податок, никој не го негира, но дали тоа може да се смета за олеснителна околност, како и фактот дека судијата не злоупотребил народни пари, а примил подарок кој во моментов не е поврзан со судски предмет во кој е инволвиран судијата или оној кој чести затоа што Кодексот за етика на судиите и поротниците јасно пропишал дека „судијата не смее да го користи угледот на судиската функција за задоволување на приватните интереси или на интересите на некој член од семејството или на кого било друг“

Претседателот на Здружението на судии кое се очекува да го разгледа овој случај по барање на Судскиот совет  Џемаил Саити со кого сакавме да ги разрешиме овие дилеми денеска не одговори на нашите телефонски повици, но Кодексот за етика на судиите порачува дека „однесувањето на судијата како во професионалниот, така и во приватниот живот, ја потврдува довербата на луѓето во интегритетот на судството“.

„Судијата, членовите на неговото семејство или лица кои живеат во исто домаќинство со него, не смеат да примаат, ниту да бараат никакви подароци, заеми, ниту пак други услуги од странки или лица кои имаат или би можело да имаат интерес во определен предмет или достава на продукти или услуги на судот, во однос на нешто што судијата може да го направи, односно да пропушти да го направи во врска со вршењето на судиската функција, освен по исклучок протоколарни подароци стекнати на службени посети, приеми или прослави“, се вели во Кодексот за етика на судиите и поротниците.

Забраната за примање подароци се однесува на материјални подароци и нематеријални бенефиции. Под материјален подарок се подразбира пари, хартии од вредност, предмети, права и други услуги понудени на судијата или судијата поротник или нему блиски лица за преземање, односно непреземање на определено дејствие при вршење на судиската функција. Под нематеријална бенефиција се подразбира секоја корист за судијата која не се обезбедува со плаќање, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски и одредбите од Кодексот.

Нематеријалната бенефиција исто така подразбира попуст во цени и услуги поради функцијата на судијата, се вели во Кодексот за судиите.

Наспроти постапката против судијата која се очекува да продолжи во Советот за етика, министерот за правда Никола Тупанчевски смета дека нема потреба  да поднесе оставка бидејќи, како што изјави, не го прекршил етичкиот кодекс, кој исто така забранува функционерите да примаат подароци.

– Патувањето не беше во рамките на моите службени должности. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив. Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба, изјави министерот Тупанчевски за Трилинг.

Завршниот збор за одговорноста на министерот ќе го даде вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, откако ќе ги разгледа сите околности во случајот „Палермо“ .

С.М.
Антикорупциска нанев Палермо судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.