Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица осомничени дека демолирале и запалиле казино во Тетово. Тие сториле кривични дела – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, велат од тетовското обвинителство. На 18 март, во казино на улицата „Илинденска“ во Тетово, двајцата осомничени започнале да играат на апаратите за среќа. Откако изгубиле поголема сума пари, најпрвин почнале вербална расправија со припадниците на агенцијата за обезбедување на објектот. Потоа…
Македонските универзитети ги нема на Шангајската листа на најдобри 1.000 високо образовни инситуции во светот. Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје се најде дури на 1.944-то место од вкупно 2.000 универзитети во светот, што е за дури 27 места подолу на рангирањето изработено од независната консултантска агенција Шангај ранкинг консултанс. Првите места традиционално на листата на светски универзитети повторно ги освоија универзитетот Харвард (Harvard University, Стенфорд (Stanford University) на второ место, на трето британскиот универзитет Кембриџ (University of Cambridge). Потоа следува технолошки институт во Масачусетс (Massachusetts Institute of Technology (MIT)) и универзитетот Беркли (University of California, Berkeley) на петтото…
Скопското јавно обвинителство отвори предмет во врска со наводите на Антикорупциската комисија според кои фантомска фирма со лажни сертификати добивала тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од државни институции, а дознаваме дека и сопственикот на битолската компанија „Дака лифт“ поднел кривична пријава. – До Основното јавно обвинителство Скопје пристигна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предметот за кој покажувате интерес. Предметот ќе биде распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе ги разгледа прибраните докази и доколку е потребно ќе преземе дополнителни истражни дејствија во насока на утврдување на целокупната фактичка состојба, велат од Основното…
И Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор склучило договор со битолската компанија за сервисирање лифтови за која вчера Антикорупциската комисија изнесе наводи дека наводно „непостоечка фирма со фалсификувани документи и фалсификувани сертификати,“ е вмешана во „голема измама со тендери за поправка на лифтови во државни институции“. Наспроти наводите на антикорупционерите кои отворија многу прашања на кои се очекува да одговори истрагата првиот човек на станбеното претпријатие Кристијан Трајковски за Нова вели дека при јавната набака не биле утврдени никакви неправилности, но сепак додека не добијат било каква официјална информација или пак известување во врска…
Тито Петковски, претседателот на НСДП `и порача на Владата во понатамошниот тек од преговорите да побара смена на Ангел Димитров, копретседавачот на мешовитата Комисија за историски прашања. – Ангел Димитров не смее да биде копретседавач и Владата да побара тој да биде разрешен од Бугарија, рече Петковски, повикувајќи се на неговата работа во минатото и на ставовите на претседателот на бугарската страна од комисијата во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 . Димитров, во колумна, објавена во бугарските медиуми, ги предупреди Америка, ЕУ, НАТО сојузниците и својата влада да бидат внимателни, оти според неговите научни и историски проценки Македонија може…
Oбвинителот Трајче Пеливанов во својот завршен збор за случајот “Меѓународен сојуз” на денешното рочиште рече дека останува во целост на обвинителниот акт дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се теретат. – Навидум станувало збор за хуманитарно здружение, но хуманитарноста остана само запишана на хартија, а во реалноста се случи измама. Измамата била направена за задоволување на личните материјални итереси на Бојан Јовановски. Но оваа измама не можела да се оствари доколку покрај него не биле обвинетата Јасна Ерцеговиќ, Фросина Ременски и Христина Блажеска. Се што правеле, правеле заедно. Односно, како ќе измамите некој да ви плати над 740.000…
Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра. Најскапото возило чинело 47.000 евра, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) резултати од истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму. Истражувањето покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции. Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „пасати“ ги замени со 45 нови „шкода суперб амбишн“. Кога станува збор…
Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против четири лица за узурпација на недвижност и загадување на животната средина и природата. Првообвинетиот, на 3.03.2021 година, зазел туѓа недвижност која со член 16 од Законот за сопственост и други стварни права е прогласена за добро во општа употреба, а со членовите 1 и 2 од Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е прогласена за природна реткост како споменик на природата. Тој ги ангажирал тројцата останати обвинети да извршат насипување со земја и рамнење на насипаната земја на површина од 829 метри квадратни, на парцела која е дел од…
Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма. Од ДКСК нагласуваат…
Германската Влада инсистира на укинување на повеќето мерки против епидемијата на коронавирусот и покрај новиот рекорден број новозаразени. „Бројките влеваат страв, но согласно новите прописи сојузните држави имаат можност да реагираат индивидуално на моменталната епидемиолошка ситуација“, рече германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах. Согласно претходно договореното меѓу сојузните и покраинските власти, в недела се укинуваат сите антиковид мерки во Германија, освен задолжителното носење маска во јавниот транспорт и во здравствените установи. Лаутербах укажа дека сојузните држави можат да прогласат и т.н. „хотспот“ мерки како реакција на евентуално неповолната епидемиолошка ситуација во одредени области. Некои од сојузните држави, како Бранденбург, решија…
Цените на горивата во Црна Гора од полноќ ќе достигнат историски максимум, со поскапувања од 16 до 29 центи, пишува подгорички „Вијести“. Како што претходно објавија црногорските медиуми, од утре бензинот поскапува за 16 центи, така што литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе изнесува 1,74 евра. Еуродизелот поскапува за 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра. Поскапување на услугите поради цените на горивата најавуваат и автобуските превозници, како и такси здруженијата. Владата на Црна Гора пред два…
„Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива со највисоко ниво на поддршка и препознаеност од страна на граѓаните и меѓу другото претставува и дополнителен придонес кон регионалната стабилност, во услови на активна војна на териоторијата на Европа, вели Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи во интервју за Нова ТВ. Лидерите Заев, Вучиќ и Рама кога ја промовираа иницијативата „Отворен Балкан“ најавија амбициозен план до 2023 година да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Контролата на границите, намалувањето на корупцијата и намалувањето на државната контрола во економијата…