Тито Петковски, претседателот на НСДП `и порача на Владата во понатамошниот тек од преговорите да побара смена на Ангел Димитров, копретседавачот на мешовитата Комисија за историски прашања.

Ангел Димитров не смее да биде копретседавач и Владата да побара тој да биде разрешен од Бугарија, рече Петковски, повикувајќи се на неговата работа во минатото и на ставовите на претседателот на бугарската страна од комисијата во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 .

Димитров, во колумна, објавена во бугарските медиуми, ги предупреди Америка, ЕУ, НАТО сојузниците и својата влада да бидат внимателни, оти според неговите научни и историски проценки Македонија може да биде рускиот тројански коњ ако биде примена во ЕУ без да бидат прифатени бугарските ултиматуми за историското минато.

Ваквите тврдења на копретседателот на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров изнесени за бугарскиот портал БГНЕС доаѓаат во период на руската инвазија врз Украина која ги обедини сите западни земји против Москва.