Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се преземаат дејствија. – Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што нема ажурирани списоци од дежурни адвокати, а во некои воопшто и ги нема. Полициските службеници не се доволно информирани за правото на лицата кои се лишуваат или задржуваат, дека можат да бараат присуство на адвокат во нивна одбрана, како еден од сегментите за балансирање на…
Корупцијата и организираниот криминал кој е вгнезден во сите пори на општествениот живот се пречка за примената на законите во македонскиот правен систем. За излегување од тој круг треба да преовлада свеста. Партиите да го спуштат својот перископ и својот однос кон ова прашање под нивните веќе јасно воочливи во 30-те години, тесни партиски идеолошки интереси. Тоа го истакна академик Владо Камбовски пред почетокот на седмата сесија на Охридската школа на природното право „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ што од денеска до 2 јули ќе се одржува во Охрид. За да се оствари тоа, според него,…
Владата прибира податоци од повеќе институции по најавите на премиерот Димитар Ковачевски дека во рамките на мерките за штедење ќе се направат законски измени со кои ќе биде предвидено намалување на платите и на членовите на Управните одбори во акционерските претпријатија во кои некои примања заштитени со менаџерски договори надминуваат износ и од над 2.000 евра, а се меѓу претпријатијата кои имаат загуби. – Целосните податоци ќе бидат ставени на разгледување на седница на Владата и откако ќе се донесе одлука јавноста ќе биде известена, велат од владината прес служба на прашање на Нова што е преземено досега во рамки…
Пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе биде закажана в четврток на 30 јуни, потврди Талат Џафери по барањето на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев за работата на претседателот на Собранието да се расправа на денешната пленарна седница. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа интерпелацијата за Џафери уште во 30 мај, односно по неговото обраќање кон собраниски службеници и по заклучувањето на вратата во пленарната сала додека траеше поединечно изјаснување. Тие го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со Собранието. Според нив, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело „тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка. – Тој почнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и по телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце. Од страв да не биде…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, побара истрагаа по серијата телефонски повици од човек што се претставувал со негово име и ги излажал градоначалниците на Берлин, Виена и на Мадрид да поверуваат дека разговараат со него. Ова е криминална енергија. Итно мора да се истражи кој стои зад тоа, рече Кличко во видеото кое денес го сподели германскиот весник „Билд“. – Неколку градоначалници во Европа ги контактирал лажен Кличко кој зборувал апсурдни работи – рече Кличко, додавајќи дека разговорите се организираат исклучиво преку официјалните канали во Киев. Германската служба за државна безбедност веќе почна истрага за лицето кое лажно претставувајќи се…
Ова видео е снимено во делчевскиот реон каде што, како што информира МИА, попладнево имало големо невреме. На повеќе локации има урнати бандери, светлечки реклами и билборди, оџаци и соларни панели. Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните Во приквечерината интензитетот на дождот се намалил, а последиците и штетите ќе се утврдуваат на теренот од утре.
Парадата на гордоста во Скопје доби поддршка и од американската амбасадорка Кејт Брнз и од министрите Бојан Маричиќ и Јована Тренчевска кои дојдоа во паркот „Жена борец“ каде што се одржува манифестацијата – оваа година под мотото „ „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“. Учесниците на парадата бараат да се прифатат различностите и да ги има ЛГБТ заедницата истите права како и другите граѓани. – Непоимливо е во 21 век сè уште да сме сведоци на дискриминација само затоа што некој го живее животот според сопствена определба – сите ние сме луѓе и плаќаме еднакви даноци и имаме еднакви обврски,…
Градоначалникот на Северодоњецк, Олександар Стрјук изјави дека градот од денеска е под целосна контрола на руската армија. Изминатите неколку недели се водеа тешки борби помеѓу украинската и руската војска за Северодоњецк. Украинските сили вчера добија наредба да се повлечат од Северодоњецк, поради подобра одбрана на соседниот град Лисичанск. Но, руските сили и сепаратистите денеска влегоа во Лисичанск и во градот се водат улични борби. Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск. Руските сили сакаа т да го заземат целиот индустриски басен на Донбас.
Силно невреме проследено со дожд и со грмежи го зафати Белград попладнево околу 16 часот. Поради силните врнежи поплавени се градските сообраќајници, објавија српските медиуми. „Во следните два часа поројни врнежи со грмежи, град и невреме се очекуваат во областите Мачва и Колубара, со тенденција да се преместат над јужен Срем и Белград понатаму кон јужен Банат. Врнежите и грмежите ќе се зголемуваат со засилен ветер во источна и во југоисточна Србија (над 20 мм за кратко време), стои во најновото предупредување на РХМЗ. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) View this…
„Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“, ова е мотото на третата Парада на гордоста во Скопје која почна во 17 часот во паркот „Жена борец“. Протестниот марш по скопските улици ќе почне во 19 часот. Парадата ќе продолжи со културно уметничка програма на Стадионот на АРМ, која ќе биде отворена со настап на нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска. На стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, а свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер. „Прајд е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и…
Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ. Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт. Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев, според Нинова, се надевал дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку…