Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камбовски предлага јуридизација- граѓанинот не е поданик на партиската врхушка

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2022 14:58

Корупцијата и организираниот криминал кој е вгнезден во сите пори на општествениот живот се пречка за примената на законите во македонскиот правен систем. За излегување од тој круг треба да преовлада свеста. Партиите да го спуштат својот перископ и својот однос кон ова прашање под нивните веќе јасно воочливи во 30-те години, тесни партиски идеолошки интереси.

Тоа го истакна академик Владо Камбовски пред почетокот на седмата сесија на Охридската школа на природното право „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ што од денеска до 2 јули ќе се одржува во Охрид.

За да се оствари тоа, според него, треба самите партиите да се подредат на начелото на владение на правото, да бидат зафатени со еден општ и универзален процес – јуридизација на политичките партии.

– Не е слободата на политичките партии неограничена како во дефинирањето на нивните програми и начин на делување. Тие се здруженија на граѓани, кои извираат од основното човеково право на изразување, слобода на мислата и политичко делување и здружување. Изворот е граѓанинот, а кај нас таа оптика е превртена. Граѓанинот го става во функција на поданик на определена партија и слеп послушник на налозите на партиските врхушки. Тој поданички менталитет е развиен со сите додатни околности на економски проблеми, невработеност и слично, забележа Камбовски.

За реализирање на реформи кои ќе доведат до силни институции, особено во судството и во извршната власт, според Камбовски е потребно тие да се постават самостојно со голем интегритет во однос на другите власти и да дојде до една рамнотежа на власта. Повелбите на законот, нагласи тој, тешко стигаат до граѓаните.

– Начелото на поделба на властите е нарушено, доминира извршната власт, судската е во нејзина сенка, собраниската ја остварува својата функција со редица слабости. Законите наидуваат на бројни пречки пред да стигнат до граѓанинот во вид на некаков бенефит што тој ќе го почуствува. Клучно за тоа е политизацијата, односно партизацијата на сите институции во општеството. Заробената држава за која ние веќе зборуваме неколку години и не успеваме да излеземе од статусот „заробена држава“ или „хибриден режим“ или ниските оценки од меродавни институции, Европската унија и меѓународната заедница. Систем на кој една длабока рана на малигно ткиво му е владеењето на правото, подвлече Камбовски.

Сличен став дели и професорот Светозар Шкариќ, посочувајќи дека институциите се битни, а не луѓето, кои се подложени на корупмирање од лични интереси.

– Потребно е јакнење на институциите во македонското општество. Институциите се битни, а не луѓето. Луѓето се подложни на корумпирање на лични интереси, додека институциите делуваат објективно. Судството да се усовршува ако сакаме да одиме напред, бидејќи тоа е поврзано со правдата. Таму каде што има правда има и стабилност и институции и обратно, каде што владее личниот интерес институциите се неодржливи. Според тоа институциите како главно средство во развојот на демократијата и Макеоднија од тоа боледува, рече Шкариќ.

Според него, институциите никако неможат да се стабилизираат заради тоа што малку внимание се посветува на заедничките интереси на методот при одлучувањето и владее еуфорија на лични интереси.

– Тоа сега треба на некој начин да се оствари. Тоа е основна причина што корупцијата владее во Македонија. Преку јакнење на институциите корупцијата ќе го губи својот корен, а за тоа треба многу време. Нека се усовршува судството па светот дури и да пропадне, заклучи Шкариќ.

Министерот за правда Никола Тупанчески, оцени дека Охридската школа по природно право e одлична можност да се видат квалитетите на студентите и истовремено да се продискутираат одредени промени. Во однос на функционирањето на институциите забележа дека селективната правда е најголемиот проблем во македонското општество.

– Ние можеме да направиме закон совршен до перфекција, но главниот проблем е примената на законите. Селективната правда е најголемиот проблем во македонското општество. И покрај тоа што Република Северна Македонија влегува во државите што ги има потпишано сите меѓународни документи има квалитетни закони, но дефинитивно проблем е нивната примена, рече Тупанчевски.

Според него, ќе мора да се одважиме еднаш како општество да подзастанеме малку да го корегираме она што претставува системска слабост, не имплементација на законите или нивна селективна примена.

– Убеден сум дека во годините пред нас имаме вистинска шанса дека сме одлучни во однос на промената на климата и ефикасно судство или јавно обвинителство. Министерството за правда не е судија и не е јавен обвинител, единствено она што го прави е овозможување, создавање и креирање оптимални прилики за правораздавање. Верувам дека периодот што доаѓа не очекува ренесанса, ќе стигнеме до резултати кои ќе значат и специјална и генерална превенција во однос на сузбивањето на криминалот, корупцијата, организираниот криминал и останатите девијантни однесувања, рече ресорниот министер.

На седмата сесија на Охридската школа на природното право „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ учествуваат 20-тина студенти магистранти и докторанти по правни науки и 30 предавачи.

Во наредните денови тие ќе дебатираат на теми за тековните реформи во областа на казненото право, донесување нов Кривичен законик и крупни измени во Законот за кривична постапка, реформата во судството, борбата против организираниот криминал и корупцијата и конфискацијата на криминалните приноси.

(МИА)

јуридизација Камбовски политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.