Ова видео е снимено во делчевскиот реон каде што, како што информира МИА, попладнево имало големо невреме.

На повеќе локации има урнати бандери, светлечки реклами и билборди, оџаци и соларни панели.

Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните

Во приквечерината интензитетот на дождот се намалил, а последиците и штетите ќе се утврдуваат на теренот од утре.