Author: НОВА ТВ Mitreska

Интересот од потенцијалните инвеститори не запрел, некои планови можеби се пролонгирани, но не и откажани. Наша цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од политичките влијанија, вели Беким Емини, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во интервју за Нова ТВ. Емини е дипломиран правник, со работно искуство во Државниот пазарен инспекторат. Како медија аналитичар работел и во Канцеларијата на ОБСЕ/ ОДИХР како и во Регионалниот центар за соработка – Италија (C.R.I.C.). Како прв човек на државната агенција задолжена за промоција и за привлекување странски директни инвестиции за себе вели дека е комуникативен…

Read More

Третата рунда преговори помеѓу руската и украинската делегација попладнево почна во Белорусија. Како што јави руската новинска агенција ТАСС, украинската делегација во Бјеловешка шума пристигнала со два хеликоптера. Првите две рунди преговори исто така се одржаа во Белорусија на 28 февруари и 3 март. Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков објави дека Русија ќе ги прекине воените операции во оној момент кога Украина ќе исполни неколку барања. Тој прецизираше дека од Украина се бара да прекине со воената акција, да вгради неутралност во својот устав, да го признае Крим за руска територија и да ги признае народните републики Доњецк и…

Read More

Во Германија интензивно се разговара за мерките за ублажување на драстичниот раст на цената на енергенсите и за намалување на зависноста од руски извори на долг рок, а се размислува и за продолжување на рокот до кој германските нуклеарни централи треба да бидат исклучени. „Технички, можно е да се остават нуклеарните централи подолго во функција, прашање е дали сакаме тоа да биде од политичка природа“, рече баварскиот премиер Маркус Содер во интервју за јавниот сервис ЗДФ. Тој смета дека продолжувањето на работата на нуклеарните централи за три до пет години би помогнало во процесот на намалување на зависноста од руската…

Read More

Делегација на високи американски функционери отпатува во Венецуела за да разговара со Владата на претседателот Николас Мадуро околу можноста за ублажување на санкциите за извозот на венецуелска нафта, во момент кога администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден размислува за забрана за увоз на руска нафта и гас, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на два извора кои се запознати со ситуацијата. Според весникот, ова е највисоко ниво на контакт меѓу двете земји во изминатите неколку години, што се случува во момент кога САД настојуваат да ја изолираат Русија поради нејзиниот напад врз Украина. Посетата на американската делегација доаѓа…

Read More

САД имаат „света“ обврска според членот 5 од НАТО, кој гарантира заемна одбрана меѓу земјите-членки, изјави денеска во Литванија американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Неговиот литвански колега Габриелиус Ландсбергис повика на посилна одбрана на НАТО на балтичкиот регион и бара ембарго за продажба на руска енергија. „Енергенсите што ги увезуваме ја плаќаат воената операција на Русија. Не можеме да платиме нафта и гас со крвта на Украина“, рече Ландсбергис на прес-конференција со Блинкен. Повторувајќи ја решеноста на САД да ја бранат секоја педа од територијата на НАТО, тој нагласи дека Алијансата постојано ја разгледува својата одбранбена позиција, вклучително и дополнителното…

Read More

Целосно ја осудуваме руската инвазија на Украина. Северна Македонија заедно со сојузниците во НАТО дава силна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нападот од Русија е повреда на меѓународното право и на човековите права во Украина, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната тркалезна маса во Кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute) во Лондон, Обединетото Кралство, на тема „Современи безбедносни закани и нивното влијание врз Западниот Балкан“. Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска истакнала дека листата на безбедносни закани денес е навистина широка со акцент на  зголемените кибер и хибридни закани. НАТО –…

Read More

Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство – Скопје, Елвин Вели, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд предложи да се одбијат сите жалби поднесени од обвинетите против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како  „Таргет – Тврдина“. Познато е дека Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година на обвинетите во случајот за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК  им изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни. Според обвинителот Вели, наводите на одбраната во овој случај за доказите се неосновани. На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство –…

Read More

Две години по прогласувањето вонредна состојба и влез во карантин, Белгија ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки, вклучувајќи ги и обврските за носење маска и ковид пропусница, јавија тамошните медиуми. Во Белгија од денеска престанува да важи обврската да се носи маска на јавни места, вклучително и во продавници и во училишта, со исклучок во здравствени установи и во јавен транспорт. Белгиските власти нагласија дека маската, иако обврската за носење е укината, сепак, се препорачува за места каде не може да се држи безбедна дистанца. Денеска престанува и употребата на ковид пропусници, како доказ за вакцинација, или негативен тест, што…

Read More

Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот се наоѓа и Северна Македонија, а други земји од регионот се Црна Гора и Албанија. Меѓу другите, се и САД, Канада, земјите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Украина и Швајцарија. На листата се и Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка и Сан Марино, како и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван. Рускиот претседател во саботата потпиша декрет со кој руската влада треба да формира список на земји кои…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива ќе отвори предмет во врска со информациите дека на ТВ -презентерката Бесмира Ејупи и се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници. „Државната комисија за спречување на корупцијата, по сопствена иницијатива, оформи предмет во врска со објавите во медиумите дека кон лицето Бесмира Ејупи се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници и тоа од Државното правобранителство, општина Сарај, општина Петровец, општина Чаир и општина Брвеница, односно за проверка на основите по кои наведените институции му исплаќале средства на наведеното лице“, велат од ДКСК за „Локално“. Како што претходно…

Read More

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против воспитувачка за физичко насилство врз дете. Според обвинителството на 1 септември 2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Кривичното дело за кое е обвинета воспитувачката е според член 201-а од Кривичниот законик. – Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето, вели Основното јавно обвинителство Скопје.

Read More

„Пациент“, „Странски служби“, „Рентген“, „Продуцент“, „Актор“ , „Базни станици“, „Пропаганда“,„Тарифа 2“ и „Транспортер 2“ – што се случува со овие истраги со звучни имиња што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, собираат ли прав во нечии фиоки – се чека ли да застарат? Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи обвинителката Вилма Русковска за Нова ТВ вели дека постапува по сите предмети што ги презеде од поранешното СЈО, но дека за некои од нив е потребно и дополнително време за постапување ако станува збор за предмети во кои се бара и меѓународна правна помош.     Во…

Read More