Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија бара решение за зависноста од руската енергија

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2022 15:14

Во Германија интензивно се разговара за мерките за ублажување на драстичниот раст на цената на енергенсите и за намалување на зависноста од руски извори на долг рок, а се размислува и за продолжување на рокот до кој германските нуклеарни централи треба да бидат исклучени.

„Технички, можно е да се остават нуклеарните централи подолго во функција, прашање е дали сакаме тоа да биде од политичка природа“, рече баварскиот премиер Маркус Содер во интервју за јавниот сервис ЗДФ.

Тој смета дека продолжувањето на работата на нуклеарните централи за три до пет години би помогнало во процесот на намалување на зависноста од руската енергија, притоа зачувувајќи ги климатските цели.

Во моментов, само три германски нуклеарни централи се во функција до крајот на оваа година. На крајот на минатата година три нуклеарни централи беа исклучени од електричната мрежа.

Одлуката за снабдувањето со енергија преку нуклеарни централи беше донесена во 2011 година, по катастрофата во Фукушима, Јапонија.

Баварскиот министер како краткорочна мерка го спомена и намалувањето на данокот на додадена вредност на нафтените деривати.
„Стапката на данокот на додадена вредност на горивото мора да се намали од 19 на седум проценти што е можно поскоро“, рече Содер за време на денешната седница на баварската влада.

Тој рече дека е неприфатливо државата да заработува со поскапување на нафтените деривати и најави дека ќе покрене иницијатива за воведување нулта данок на додадена вредност на горивата низ Европа.

„И оваа мерка е можна за некое време“, рече Содер.

По најавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за можна забрана за увоз на нафта од Русија, цените на нафтените деривати во Германија повторно ги надминаа историските граници.

Просечната цена на литар супер гориво достигна ниво од 1,96 евра. Дизелот се продава по 1,98 евра за литар.

Минатата недела германскиот министер за економија Роберт Хабек препорача граѓаните на Германија да штедат енергија.
алтернативни патишта Германија Енергенси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.