Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Ресторан во главниот град на Косово постави на својот влез табличка, со која порачува дека им се забранува влезот на државјани од земјите на Европската унија кои не поседуваат косовски визи, објави порталот „Газета експрес“. Одлуката на сопствениците на ресторанот „Мамас“ доаѓа по завчерашното одбивање од страна на Брисел, на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, да ги укине шенген-визите за граѓаните на Косово. – Протест. Забранет влез за граѓаните од ЕУ без косовски визи, пишува на таблата на влезот од „Мамас“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, ресторанот кој им го забрани влезот на граѓаните од ЕУ,…
Американскиот претседател Џо Бајден не може да дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Северна Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф. – Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето…
Не беше фер Србија во Брисел да очекува дека ќе добие отворање на нов кластер, кога Северна Македонија 17 години има статус на кандидат за членство со ЕУ, а Албанија осум години, а и двете не добија датум за почеток на преговори, па затоа наше беше да покажеме солидарност и со братскиот македонски народ и пријателскиот албански народ, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква порака праќа Брисел со доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија, а Западниот Балкан не бил суштинска тема. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во врска со…
Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација, порача премиерот Димитар Ковачевски пред денешното одржување на Парадата на гордоста во Скопје или „Skopje Pride“. – Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите. Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од…
Академикот Миле Д. Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, експерт – рецензент, поет и публицист од Охрид е избран за почесен член на Меѓународната Академија „Михаил Еминеску“ во Крајова, Романија. Титулата за неговото книжевно творештво и творечко учество му е врачена на фестивалот на поезијата на меѓународната академија „Михаил Еминески“. Извршниот комитет му додели и награда за перформативна медицина и медал „Михаил Еминеску“ за неговите заслуги во национална и глобална културна дејност. Академик Миќуновиќ докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград и се стекнал со титула „доктор на медицински науки“. Работел во Специјалната болница за ортопедија…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во својот говор во воздухопловната база Граф Игнатиево кај Пловдив, каде што гостува на прославите по повод 110-годишнината од првиот борбен лет на бугарската авијација зборуваше и за францускиот предлог за кревање на ветото за Македонија. Според Радев, предлогот содржи голем дел од бугарските барања, но можел да биде и многу подобар. – Францускиот предлог содржи многу од основните бугарски барања, но можеше да биде многу поуспешен воопшто, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку нашите политичари посветија многу, многу повеќе внимание на целиот овој процес, доколку дипломатите од МНР не се потпираат само на институцијата претседател…
Министерството за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија”, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница. „Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот, се вели во реакцијата на МНР. Република Северна Македонија, вели МНР, очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и…
Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгоре ноќеска во пожар кој започнал после полноќ. При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица. – Пожарот е пријавен во 42 минути по полноќ во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација на пожарот до раните утрински часови. Повредени нема ни од мештаните од селото кои ни помагаа, ни од пожарникарите. Направена е голема материјална штета – информираше Ука Алити од ТППЕ Тетово. Според информациите на Алити, во текот на интервенцијата спречено е пожарот да се прошири на други објекти.
Министерство за надворешни работи на Бугарија денеска соопшти дека е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот, согласно член 12 од Договорот за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ваквото соопштение на бугарското МНР следи по вчерашната одлуката на Народното собрание на Бугарија со која се дава зелено светло на предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Во соопштението на Министерството се вели дека „е време одговорните фактори во Република Северна Македонија не со зборови, туку со дела, да ја покажат својата посветеност…
Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес. Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“. Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен…
Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката, информираат од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК). Досега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, преку нови предмети во четири семестри, македонистиката ќе можат да ја изучуваат студентите од сите факултети. – Минатата година, кога одбележавме 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, сè…
Украинските сили добија наредба да се повлечат од градот Северодонецк во источна Украина по неколкунеделни жестоки борби, јави ДПА, повикувајќи се на властите. Украинските власти наведоа дека нема речиси ништо да се брани во главно уништениот град и на војниците им е наредено да заминат и да се прегрупираат. Северодонецк беше последниот значаен дел од регионот Луганск, што се уште беше делумно под украинска контрола. „Сега ситуацијата е таква што нема смисла да се држат позиции кои се нарушени“, изјави регионалниот гувернер на Луганск, Сергиј Гајдај. „Затоа на нашите бранители кои се таму веќе им е наредено да се повлечат…