Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во својот говор во воздухопловната база Граф Игнатиево кај Пловдив, каде што гостува на прославите по повод 110-годишнината од првиот борбен лет на бугарската авијација зборуваше и за францускиот предлог за кревање на ветото за Македонија.

Според Радев, предлогот содржи голем дел од бугарските барања, но можел да биде и многу подобар.

– Францускиот предлог содржи многу од основните бугарски барања, но можеше да биде многу поуспешен воопшто, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку нашите политичари посветија многу, многу повеќе внимание на целиот овој процес, доколку дипломатите од МНР не се потпираат само на институцијата претседател и не губат многу време и енергија во обидот да ја доведат дивергентната политика на премиерот во некаква прифатлива рамка, рече Радев.