Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгоре ноќеска во пожар кој започнал после полноќ. При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица.

– Пожарот е пријавен во 42 минути по полноќ во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација на пожарот до раните утрински часови. Повредени нема ни од мештаните од селото кои ни помагаа, ни од пожарникарите. Направена е голема материјална штета – информираше Ука Алити од ТППЕ Тетово.

Според информациите на Алити, во текот на интервенцијата спречено е пожарот да се прошири на други објекти.