Author: НОВА ТВ Mitreska

Со одлука на научна комисија на француското Министерство за високо образование и истражување, Македонистиката е вклучена во француско-германскиот проект за мапирање ретки дисциплини во Франција и во Германија. Иницијативата за вклучување на Македонистиката во овој значаен проект ја покрена проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од Институтот за ориентални јазици и култури во Париз (ИНАЛКО), јави дописникот на МИА. Една од мисијата на државата е да обезбеди развој и заштита на интелектуалното, научното и културното наследство, особено со поддршка на таканаречените ретки дисциплини, вклучувајќи го и бројот на наставници-истражувачи, истражувачи и студенти понекогаш се намалува, иако нивниот научен интерес останува. Тоа е,…

Read More

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Хебдо“ со текст на авторот Жан-Ив Ками се осврнува на случувањата околу земјава, за која се наведува дека се бори за влез во Европската Унија, а „вината за нејзините маки“ треба да се бара кај нејзините соседи, кои се растргнати поради идентитетот на државата. – Да се дојде во Скопје во јуни 2022 година значи да се посети главен град чии жители го сметаат официјалното име на нивната земја за историска навреда. Официјално, ние сме во Северна Македонија, име наметнато од Европа и меѓународната заедница по договорот потпишан во 2019 година за ставање крај на спорот…

Read More

На двата претстојни клучни самити, Г7 и НАТО, западните лидери ќе се обидат максимално да ги збијат редовите во однос на Москва, бидејќи војната во Украина, на која не и се гледа крајот, може да го загрози нивното единство. Лидерите на големите сили, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, од недела се состануваат во Баварските Алпи на годишниот собир на седумте најиндустриски развиени земји во светот (Г7). Групата ја сочинуваат САД, Канада, Велика Британија, Јапонија, Франција, Италија и Германија. Континуираната поддршка за Украина, четири месеци по почетокот на руската офанзива, ќе биде во фокусот на средбата, како и на…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце за излез од земјава чекањето е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово…

Read More

Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата. Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот. -Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош. Локалните медиуми јавија за најмалку три места на злосторство. Нема информации за потенцијалниот мотив, но инцидентот првично не беше класифициран како терористички. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот. Нападот се случил…

Read More

Резултатите од Балканскиот барометар и Секјуриметар покажуваат дека 76 отсто од граѓаните на Западен Балкан ја поддржуваат соработката во регионот, а дека поддршката за европската интеграција опаѓа во споредба со претходните години – сега таа е 60 отсто. Исто така, 60 отсто од компаниите сметаат дека интеграцијата на шесте балкански земји би имала позитивно влијание врз нивниот бизнис, а 49 отсто од граѓаните сметаат дека економскиот раст е приоритет по пандемијата. Резултатите од две истражувања спроведени во Западен Балкан денеска во Брисел ги презентираше генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСЦ), Мајлинда Брегу. Таа нагласи дека да се биде…

Read More

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, во рамките на 38-та седница. Комисијата прифати еден амандман на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во изменета форма, со кој ќе се обезбедат пет милиони денари за изградба на кружен тек во населено место Мислешево, Охридско. Ова е втор прифатен амандман на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, која има поднесено над 170 амандмани. Првиот се однесуваше за одвојување на 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската зона во Нерези. Досега се одбиени над 40 амандмани на опозицијата. Вкупно се поднесени 204 амандмани. Од нив, 170 се…

Read More

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата на која се расправаше за предлогот на мнозинството – Тања Васиќ Бозаџиева да биде избрана за уставен судија беше прекината. Членовите на оваа Комисија досега го утврдија само предлогот на владејачкото мнозинство Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје, да биде избран за уставен судија. Претходно беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Родна Живковска да биде избрана за уствен судија. На почетокот на расправата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски нагласи дека нема идеален начин како да…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше веднаш, откако бугарското Министерство за надворешни работи побара од премиерот да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.  „Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО!. Пријатели смирете се: тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!“ напииша Рама на Твитер.  Бугарското Министерство  за надворешни работи во острата реакцијата, изјавите на премиерот, пред се онаа…

Read More

Денеска на средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњаноски беше договорено зголемување на платите за 2.806 денари во локалната самоуправа и во јавните претпријатија кои се под нивна ингеренција, информира Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. – Мораме да се заблагодариме на раководството на општина Битола и сите директори на јавните претпријатија на разбрирањето коешто го покажаа во делот на платите на работниците коишто се под нивна ингеренција, во делот на зголемените животни трошоци и подобрувањето на социо – економскиот стандард. Ова само по себе покажува дека социјалниот дијалог е се уште жив и функционира во локалната самоуправа со…

Read More

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска разгледа 19 амандмани на ребалансот на Буџетот. Прифатен е само еден амандман и тоа во видоизменета форма кој се однесува на тоа да се одвојат 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската зона во Нерези. Во текот на денешната расправа не беа прифатени амандманите со кои се бараше да се одвојат 20 милиони денари за средношколците и студентите за да добијат бесплатни билети за меѓуградскиот превоз. На Предлог-ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 204 амандмани од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на парламентарното…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не може со сигурност да каже кога Шведска и Финска ќе станат полноправни членки на Алијансата. Според него, причината е што не е сигурен дали овој воен сојуз ќе успее да ја убеди Турција, која се противи на членството на Финска и Шведска, да се премисли. Двете нордиски земји официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО во мај, но тој процес беше веднаш блокиран од Турција, која бара Шведска и Финска да престанат да обезбедуваат заштита на Курдската народна партија, која Анкара ја смета за терористичка, но и да се…

Read More