Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците расправаа Тања Васиќ да биде уставен судија, опозицијата, пак, побара кандидатите да дојдат во Собранието

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 13:34

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата на која се расправаше за предлогот на мнозинството – Тања Васиќ Бозаџиева да биде избрана за уставен судија беше прекината.

Членовите на оваа Комисија досега го утврдија само предлогот на владејачкото мнозинство Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје, да биде избран за уставен судија. Претходно беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Родна Живковска да биде избрана за уствен судија.

На почетокот на расправата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски нагласи дека нема идеален начин како да бидат сигурни за најдобар можен избор на уставни судии што можат да го направат. Но, како што потсети, рејтингот за доверба во судството е осум отсто и нагласи оти ниту еден граѓанин во државава нема правна сигурност во системот.

– Сите форми на проблеми по системот се рефлектираат во работата, односно неработата на судскиот систем, рече Јаревски, посочувајќи дека судството и правосудството, судовите, како и Уставниот суд заслужуваат одговори на многу прашања кои според него ги има се повеќе.

Тој дополни дека доколку дозволат политизација на судството, наместо добивање квалитет, тие ќе бидат соучесници.

– Доколку не се преземат чекори, подобрување во судството ќе нема, рече Јаревски.

Според него, доколку имало можност на седницата да бидат присутни кандидатите, ќе имаа поквалитетна расправа.

 

 

Родна Живковска тања васиќ уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.