Author: НОВА ТВ Mitreska

Новинската агенција Франс прес објави репортажа од југот на Северна Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите од земјава. Новинарот на француската агенција го посетил градот Валандово каде што разговарал и со тамошните жители: „Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот. Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување. Македонија загуби 10 проценти од своето…

Read More

Специјалниот пратеник на македонската влада за решавање на спорот меѓу властите во Скопје и Софија, Владо Бучковски, е убеден дека во наредните месеци Бугарија ќе ја укине блокадата за почеток на преговорите за членство во ЕУ, објави БГНЕС. „Во 2021 година Бугарија немаше редовна влада цели 8 месеци. Во земјата имаше три парламентарни и едни претседателски избори. Тоа сериозно влијаеше на нашите напори да најдеме заемно прифатливо решение и да ја укинеме блокадата на нашиот пат кон ЕУ“, рече Бучковски. Според него, „и покрај овие непредвидени околности, постигнат е напредок во градењето доверба меѓу двете земји“. „Временската рамка за овие…

Read More

Од денеска се заострени условите за влез во Црна Гора за странските државјани поради епидемиската состојба, а во секој случај задолжително е ПЦР тест не постар од 72 часа или брз антиген тест не постар од 48 часа. Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини со еден од двата докази од потврдата за коронавирус – дека лицето е целосно вакцинирано со пропишаниот број дози на вакцина против коронавирус и дека не поминале повеќе од шест месеци од втората доза. Влезот е возможен со доказ дека лицето прележало ковид-19, дека поминале не помалку од 10…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 39 санкции, 23 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се три мерки за минување на црвено светло, две мерки за некористење сигурносен појас, две мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, две мерки за недавање првенство на минување на пешаци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните…

Read More

Скокот на бројот на заразени со варијантата омикрон на коронавирусот може да доведе до тоа Израел да постигне колективен имунитет, изјави денеска највисокиот здравствен функционер во земјата, додека бројот на случаи продолжува да расте. Високо заразната варијанта омикрон доведе до зголемување на случаите на коронавирус ширум светот. Бројот на заразени ширум светот достигна рекордно ниво, при што во просек од 24 до 30 декември се регистрираа нешто повеќе од еден милион случаи дневно. Смртноста, сепак, не е зголемена до тој степен, што дава надеж дека новата варијанта е помалку смртоносна. Израел успеа до одреден степен да го спречи ширењето на омикрон до…

Read More

Додека бројот на случаи на ковид- 19 расте во време кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава. Колеџите предупредуваат дека одлуката може да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине. Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари – „доколку условите го дозволат тоа“, пренесува Гласот на Америка. Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава. Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот,…

Read More

Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради неколку случаи на зараза со коронавирус во ансамблот. Првата претстава беше откажана во саботата кога требаше да биде изведена „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот. Државната опера порано не мораше да се затвори поради случаи на Ковид-19. Повеќе од 85 отсто од персоналот се вакцинирани три пати, а ПЦР тестови се прават најмалку три пати неделно, изјави директор на операта Богдан Рошчиќ. – Но, условите за работа, особено со уметнички групи, играње, пеење, танцување, заедничко музицирање, оневозможуваат целосна заштита, додаде Рошчиќ. Тој рече дека поради варијантата омикрон, брзината и интензитетот на заразата „драстично се зголемени“

Read More

Десет години по смртта на првиот претседател на независна Македонија, во Скопје се уште нема споменик на човек чија политичка кариера траеше половина век. Во градот на спомениците, за него нема место. Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Македонија, кој успешно, без војна, ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на минатиот век“, пишува Би-Би-Си на српски јазик. Неговата кариера почнува пет децении порано, преку неговите активности во македонското комунистичко движење за време на Втората светска војна, а потоа и преку високите политички функции во комунистичка Југославија, министер за финансии, претседател на Собранието, член на…

Read More

Чувствував дека сум должен нешто да преземам, тоа беше појако од мене, премолчувањето го доживував како соучесништво. Со овие зборови укажувачот Ѓорѓи Лазаревски во интервју за МИА го објасни моментот кога дознал дека некој направил нешто незаконски, дека некој сакал сè околу него да контролира, па дури и своите. Тој е еден од двајцата кои ги извадија нелегално прислушуваните разговори од УБК и ги предадоа на тогашната опозиција, а подоцна се отворија и повеќе судски процеси. Вели дека револтот му е намален, но дека тагата му е зголемена поради страдањата низ кои поминал. За неговата храброст и борбата за човекови…

Read More

Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Jавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми во интервју за МИА вели дека наплатната служба при ЈПДП во 2021-ва иако беше година на пандемија и ограничени можности за непречен сообраќај меѓу државите оствари рекорден приход и историски успех во 35-годишното постоење. И покрај затворени гранични премини до втората половина на мај, посочува Рустеми, наплатната служба успеа…

Read More

Во Австрија во саботата стапи на сила закон кој дозволува потпомогнато самоубиство, односно евтаназија, за возрасни лица кои се смртно болни или имаат некое трајно тешко заболување. Парламентот го одобри новиот закон во декември, по одлуката на уставниот суд за ова прашање. Потпомогнатото самоубиство ќе биде строго регулирано. Секој случај ќе го оценуваат двајца лекари, од кои едниот мора да биде експерт за палијативна медицина. Владата, исто така, одвои средства за развој на палијативна нега за да се осигура дека никој не избира смрт ако има други опции. Потпомогнатото самоубиство е легално и во соседна Швајцарија и неколку други европски…

Read More

Речиси 1.000 домови се уништени во шумскиот пожар во западната американска држава Колорадо, соопштија локалните власти, додавајќи дека три лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви. Шумскиот пожар во четвртокот принуди околу 30.000 жители да ги напуштат своите домови во општините Луисвил и Супериор, северно од Денвер. Шерифот на округот Болдер, Џо Пеле изјави дека 991 градба биле уништени, а уште се 127 оштетени. Пеле рече дека три лица се потврдени како исчезнати и се стравува дека се мртви бидејќи нивните домови биле уништени во пожарот. – Има три нерешени извештаи за исчезнати лица. Нивните домови се уништени, потенцијално има човечки останки во тие домови. Остатоците сè уште се жешки, се е урнато, и…

Read More