Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американските колеџи се враќаат на онлајн настава

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 2, 2022 10:33

Додека бројот на случаи на ковид- 19 расте во време кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава.

Колеџите предупредуваат дека одлуката може да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине.

Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари – „доколку условите го дозволат тоа“, пренесува Гласот на Америка.

Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава.

Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот, но наставата ќе започне онлајн.

Многу колеџи се надеваат дека дополнителна недела или две онлајн часови ќе им помогнат да го „преминат“ врвот на новиот бран на пандемијата предизвикан од варијантата омикрон.

Досега, повеќе од 70 колеџи во 26 држави одлучија да започнат со онлајн часови по празниците, а други ја разгледуваат опцијата.

Многу од универзитетите кои се префрлаат на онлајн настава се наоѓаат во области кои неодамна повторно беа жаришта на вирусот.

Меѓу нив се Џорџ Вашингтон, Јеил и Источна Колумбија, како и државниот универзитет Вејн во Детроит и Нортвестерн во близина на Чикаго.

Списокот ги вклучува и повеќето кампуси на Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот Рајс во Хјустон

колеџи Локдаун Омикрон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.