Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омикрон би можел да го доведе Израел до колективен имунитет

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 2, 2022 10:48

Скокот на бројот на заразени со варијантата омикрон на коронавирусот може да доведе до тоа Израел да постигне колективен имунитет, изјави денеска највисокиот здравствен функционер во земјата, додека бројот на случаи продолжува да расте.

Високо заразната варијанта омикрон доведе до зголемување на случаите на коронавирус ширум светот.

Бројот на заразени ширум светот достигна рекордно ниво, при што во просек од 24 до 30 декември се регистрираа нешто повеќе од еден милион случаи дневно.

Смртноста, сепак, не е зголемена до тој степен, што дава надеж дека новата варијанта е помалку смртоносна.

Израел успеа до одреден степен да го спречи ширењето на омикрон до крајот на декември, но бидејќи стапката на инфекција сега расте, се очекува дневните случаи да достигнат рекордно високо ниво во следните три недели.

Тоа може да резултира со колективен имунитет, рече главниот директор на Министерството за здравство Нахман Еш.

– Цената ќе биде многу заразени, изјави Еш за Радио 103ФM.

– Бројките ќе мора да бидат многу високи за да се постигне колективен имунитет. Тоа е можно, но не сакаме тоа да го постигнеме со инфекција, сакаме тоа да се случи како резултат на вакцинирање на многу луѓе, рече тој.

Околу 60 проценти од 9,4 милиони жители на Израел се целосно вакцинирани – речиси сите со Фајзер/Бионтек, соопшти Министерството за здравство, што значи дека тие или примиле три дози или неодамна примиле втора доза.

Но, стотици илјади од оние кои ги исполнуваат условите за трета вакцинација досега не го сториле тоа.

Од почетокот на пандемијата во Израел се регистрирани околу 1,3 милиони случаи на зараза со коронавирусот.

Но, два до четири милиони луѓе би можеле да бидат заразени до крајот на јануари кога бранот на омикрон би можел да се смири, според Еран Сегал, научник од Институтот за наука Вајцман и владин советник.

Во изминатите десет дена, бројот на новозаразени се зголеми за повеќе од четири пати.

Се зголемија и тешките случаи, но со многу помала стапка – од околу 80 на околу 100.

Имајќи ја предвид појавата на тешки форми на болеста, Еш рече дека размислува да дозволи четврта доза од вакцината за сите луѓе над 60 години, по минатонеделното одобрување за имунокомпромитирани и стари лица во домовите.

Израел имунитет Омикрон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.