Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Да се отстрани од судско рочиште тужениот и претставникот кој е заштитник на човековите права затоа што во судницата не работел клима уредот или пак немало далечински управувач за да се активира е апсурд кој досега се нема случено во судската пракса, направена е суштествена повреда на Уставот и на одредбите од парничната постапка и е спротивно на законот според кој судовите се тие што ги штитат слободите и правата на човекот и на граѓанинот. Законот предвидува во кои случаи може да се исклучи јавноста од судските процеси, но за тоа никако не може да биде причина далечинскиот управувач на…
Интерпелацијата што ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација, вели Талат Џафери, претседателот на Собранието во одговорот на барањето на опозициската партија да се расправа за доверба на собранискиот спикер. Собраниската седница за интепелацијата според роковите пропишани во Деловникот би требало да се одржи најдоцна до крајот на месецов. Според Џафери, наводите на опозициските пратеници се тенденциозни и како што вели, имале намера „да ги девалвираат неговите постигнувања во изминативе пет години во подигнувањето на нивото на дијалогот и демократска култура во законодавниот дом.“ – Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се секако…
Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на грубото нарушување на начелото на јавност на постапката во Основиот суд Куманово, во судски процес кој Комитетот го мониторира на барање на тужената странка. За судскиот мониторинг, како и за лицето што ќе го спроведува, Основниот суд Куманово, како што велат од Хелсиншкиот комитет, бил уредно информиран, но, судијката пред почетокот на подготвителното рочиште, кое се одржало на 25 мај 2022 година, ги информирала тужената и судската набљудувачка дека не смеат да присуствуваат на рочиштето, односно побарала во судницата да останат само полномошниците на странките. Со тоа судијката оневозможила нивно присуство, иако…
Истрагата за смртта на момчето од струмичко Ново Село чие тело беше пронајдено вечерта на 7 јуни во 19.10 часот и по седум дена од убиството не може да утврди како починало, што предизвика реакции во јавноста. МВР за овој настан информираше дека во струмичката полиција било пријавено дека на телото на пронајдено починато машко лице имало видливи повреди и дека тоа го утврдил лекар од Итна медицинска помош. По оваа информација Нова побара одговори од СВР Струмица и од Обвинителството до каде е истрагата и под кои околности се случило убиството, има ли осомничени лица, дали се вистинити тврдењата…
Ламбе Алабаковски, од денеска е на слобода, откако Кривичниот совет на Основниот суд во Битола му одреди мерка на претпазливост со тоа што му го одзеде пасошот, потврди правниот застапник Дарко Стефановски, јавуваат битолските портали. Алабаковски прво беше притворен, па пуштен во домашен притвор, а сега е на слобода. Тој се сомничи за опожарување на вратата на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а според полицијата веќе го признал делото. Овој настан ја крена на нозе битолската и македонската јавноста, особено што отворањето на бугарскиот клуб во Битола беше протолкуван како провокација, пред сѐ заради именувањето по контроверзната личност Иван…
Седницата на собраниската Комисија за избори и именувања на која требаше да продолжи расправата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на предлог на ВМРО-ДПМНЕ се одложи за еден час. Тоа се случи поради, како што образложи пратеничката Дафина Стојаноска, за да можат пратениците да присуствуваат на Анкетната комисија за заштита на правата на граѓаните која се одржува во исто време, а на која треба да се расправа за пожарот во модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа во Бугарија. Претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска го прифати предлогот на опозициската партија. По обвинувањата…
За јавниот обвинител Љубомир Лапе, кој го застапуваше судскиот предмет „Талир 2“ пресудата е задоволителна. По добивањето на писмена пресуда, тој најави дека ќе ги проучаат причините поради кои е изречена алтернативна мерка на обвинетиот Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на партијата и на тогашната Влада, и по проучување на предметот ќе одлучат дали ќе поднесат жалба или не. Судот, како што објавивме претходно, денеска донесе пресуда да се конфискува партиското седиште на ВМРО- ДПМНЕ и друг имот на партијата, а поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство доби затворска казна од шест години. За поранешниот генерален секретар на…
Судот донесе пресуда да се конфискува партиското седиште на ВМРО- ДПМНЕ и друг имот на партијата, а поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство доби затворска казна од шест години. За поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски судот пресуди условна казна од две години која нема да се активира ако во следните пет години тој не направи исто кривично дело. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со…
Адвокатот Еленко Миланов во своите завршни зборови во случајот „Талир 2“ , а во врска со изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје денеска пред судот рече дека обвинителството не прикажало докази дека Никола Груевски кој е првообвинет му наложил на тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски да потпише договор со инвеститотор. Според Миланов, таквата одлука била резултат на заседавање на партиските тела. – Нема доказ дека Кирил Божиновски постапувал по барање на првообвиниетиот, туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот, рече Миланов. Миланов забележа дека обвинителот користел прислушувани разговори како…
Обвинителството не понуди докази, а нема ни сведок, ни документи дека обвинетите Никола Груевски и поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски имале намера и долгорочен план да сторат злоупотреби на службената положба при изградбата на новото партиско седиште во центарот на Скопје, реагира денеска одбраната на обвинетите во завршните зборови на судскиот предмет „Талир 2“. – Обвинението нема логика. Што има трговско во настојувањето да се обезбеди нов објект за партијата. Не ја разбирам тезата на Обвинителството и не разбирам што згрешил првообвинетиот и како очекува судот да ги прифати личните убедувања на обвинителот дека е сторена злоупотреба на службената положба…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, ако инспекциските служби утврдат дека порастот не бил реален. Битиќи останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти. – Дека има вртоглаво и вештачко зголемување на цените, кажав и минатата недела. Еве, два примера зошто го тврдев тоа. За само два дена, маржата на добивка кај тестенина од еден производител, пораснала од четири отсто на 31 мај…
Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека како надлежен државен орган за религиските прашања и односи, со особено внимание го следи понатамошниот развој на процесот на препознавањето на автокефалниот статус на нашата славна и древна Охридска архиепископија од православната екумена. – Официјализирањето на соборските одлуки на Српската православна црква – Пеќска патријаршија и издавањето на адекватен акт предаден вчера при сослужувањето на двете сестрински цркви во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Белград ја заслужува нашата почит, истиот го поздравуваме и го оценуваме како важен чекор кој ја претставува зрелоста, подготвеноста и достојноста на нашата света црква за автокефално достоинство,…