Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катица Јанева незаконски го поднесе обвинението за „Талир 2“, тврди адвокатот Еленко Миланов

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2022 16:28

Адвокатот Еленко Миланов во своите завршни зборови во случајот „Талир 2“ , а во врска со изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје денеска пред судот рече дека обвинителството не прикажало докази дека Никола Груевски кој е првообвинет му наложил на тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски да потпише договор со инвеститотор. Според Миланов, таквата одлука била резултат на заседавање на партиските тела.

– Нема доказ дека Кирил Божиновски постапувал по барање на првообвиниетиот, туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот, рече Миланов.

Миланов забележа дека обвинителот користел прислушувани разговори како докази со кои сакал да го убеди судот дека договорот за соинвеститорство бил нарачан, претходно договорен и се знаел изведувачот кој требало да го гради објектот во кој денеска е сместено партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој реагираше и на времето во кое е поднесено обвинението за „Талир 2“, а кое излегува од рамките на мандатот на поранешното СЈО.

– Обвинителниот акт е поднесен од неовластен тужител. По 30.6.2018 година, Специјалното јавно обвинителство нема надлежност за постапување. Ова обвинение од 22.11.2018 е од неовластен тужител и судот тоа мора да го почитува, рече адвокатот Миланов во врска со датумот ( 22 ноември 2018 година) во кој е поднесено обвинението за „Талир“ во време на поранешното СЈО, а на кое стои потпис на поранешната обвинителка Катица Јанева, а мандатот на СЈО за поднесување обвиненија и за прибавување докази е 18 месеци.

Кога СЈО во ноември пред четири години го поднесе обвинението објасни дека ја раздвоило постапката во предметот „Талир“. Едниот обвинителен акт се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот обвинителен акт се однесува на незаконската изградба на седиштето на  партијата „Талир 2“.

С.М.

 

 

Еленко Миланов Катица Јанева Суд Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.