Author: НОВА ТВ Terziova

Тежок инцидент се случи попладнево во Лесковац, кога се сруши таванот од новата свечена сала во некогашниот хотел „Београд“, а денеска познат под името „Лесковац“, пишува српски Телеграф. Моментот на уривање на кровот изгледаше морничаво, а во тој момент во зградата имало и работници кои почнале да бегаат. Според последните информации на српските медиуми, за среќа, никој не е повреден, иако снимката делува навистина застрашувачки. – Покривот се урнал поради грешка на работниците кои поставувале противпожарни прскалки на тој дел од покривот. Важно е што никој не е повреден – изјави Звонимир Митровиќ, основач и сопственик на модната куќа МОНТОБЕНЕ,…

Read More

Асен Василев, кандидатот за премиер од Продолжуваме со промената (ПП) на досегашниот бугарски премиер Кирил Петков му го вратил неисполнетиот мандат за формирање влада на бугарскиот претседател Румен Радев, пренесе во петокот попладнето агенцијата БГНЕС по средбата на Кирил Петков, Андреј Ѓуров, Никола Минчев и Асен Василев со Радев. Василев, кој беше номиниран откако некои парламентарни партии најавија дека нема да поддржат кабинет повторно предводен од Петков, изјавил дека ПП не собрала доволно собраниска поддршка истакнувајќи „Значи го враќаме мандатот неисполнет“. „Повлечениот кредит на доверба кон кабинетот не може и не треба да ги исцрпи јавните напори за изградба на…

Read More

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин незначително се намалил 0,3-процентни поени во однос на минатата недела, па сега, според денешното испитување што го објави Серискиот центар за истражување на јавното мнение (VTsIOM), тој има рејтинг од 80,73 отсто. Анкетата е спроведена меѓу 1.600 полнолетни Руси од 27 јуни до 3 јули годинава. „На прашањето дали му веруваат на Путин, 80,7 отсто одговориле потврдно. Дури 77,8 отсто од испитаниците ги одобруваат активностите на претседателот на Руската Федерација“, стои во анкетниот лист. Покрај тоа, 51,3 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на руската влада, а 51,2 отсто го одобруваат дејствувањето на премиерот…

Read More

Околу два тони нафта биле украдени од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во изминативе денови. -На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот, велат од СВР Битола. Според проценката, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.

Read More

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со две победи го заврши настапот на годинашното издание на Вимблдон во јуниорска конкуренција, пред да биде елиминиран од Шпанецот Роденас во четврт-финалето. Ивановски во првото коло славеше убедлива победа над Мексиканецот Родриго Пачеко Мендеш, 11. носител, со 6:2, 6:1, но победничкиот поен на нашиот претставник стана вирален на социјалните мрежи. Решавачкиот удар го зададе во манир на искусен тенисер. Наместо класичен сервис, Ивановски се одлучи за егзибициски потег, што му го дозволи и резулатот, кој заврши успешно на негово лично задоволство, но наиде на воодушевување и меѓу публиката. По триумфот над Мендеш, Ивановски во осминафиналето…

Read More

Откако Владата го усвои предлогот на текстот на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), пред зградата на извршната власт се случи инцидент меѓу граѓани кои протестираа, јавува подгоричкиот портал ЦДМ. Тие го блокираа патот пред зградата на Владата, наизменично поминувајќи ја улицата од едната на другата страна. Тие се обиделе да ја пробијат заштитната ограда, а потоа ја пееле државната химна. Ги вклучиле и сирените за аларм. Граѓанскиот активист Александар Саша Зековиќ се обидел да упадне во зградата на Владата, но полицијата го спречила во тоа, пишува порталот. https://www.youtube.com/watch?v=N6iT-JHyDhs

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари координативен состанок со Џејмс Стајн, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Енид Нуњез програмски директор и Кристофер Цимер, шеф на Политичко-економската канцеларија во Амбасадата на САД во земјава, на која ги разгледаа приоритетните проекти кои можат да се реализираат со финансиски средства и инвестиции од Соединетите Американски Држави, како и можностите за проширување на развојната соработка која успешно се спроведува повеќе од две децении во соработка со УСАИД. „Преку Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД, досега е обезбедена многу значајна помош за развојот на претприемништвото, подобрување на…

Read More

Поднесена кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на службена должност и за фалсификување и уништување на деловни книги. Во известувањето од МВР, се наведува дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Џ.Ќ.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. „Во текот на октомври 2014, пријавениот, овластен градежен инспектор во општина Маврово и Ростуше, свесно изработил и потпишал невистинит и фалсификуван извод од план на населба Маврови Анови, по што до Одделение за управна постапка Гостивар поднел барање за приватизација на…

Read More

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека покрај веќе претходно постигнатите две спогодби за признание на вина со осомничени во случајот познат во јавноста како „Империја“ и изречените затворски казни, како и уплатената сума во износ од 5,2 милиони евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје ги одобри спогодбите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и осомничените С. М. и T.M. од истиот предмет. Обвинетиот С.М. призна вина и е огласен за виновен за кривични дела – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и Противправно стекнување и прикривање имот од член…

Read More

Московскиот суд денеска изрече затворска казна поради противење на војната во Украина. Адвокатот Алексеј Горинов – член на општинскиот совет во Москва е осуден на седум години затвор. Тој беше уапсен во април годинава, а е осуден за „свесно ширење лажни информации“ за руската војска, што носи максимална затворска казна до 15 години. За противење на војната досега се изречени една парична казна и една условна казна. На состанокот на општинскиот совет во март, Горинов ги критикуваше акциите на руската армија, а вчера, презентирајќи го својот последен говор пред судот, одби да ја признае вината. Според властите, Горинов го извршил…

Read More

Обилни врнежи, на места проследени со силно невреме, ја зафатија Македонија во попладневните часови. Во некои места силниот ветер искорна дрвја, има штети и врз возила врз кои паднале дрва и гранки. УХМР извести дека до 16 часот во Прилеп наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен, во Крушево 23, во Маврово и Пожаране 12, во Охрид шест, во Битола пет, во Тетово и Виница четири, во Демир Капија два, а во Скопје на Зајчев Рид еден литар дожд на метар квадратен. Но дожд и натаму врне. Врнежите од дожд проследени со грмежи, како што посочуваат од УХМР, почнаа попладнево…

Read More

Седумдесет и едногодишен човек од Бугарија починал додека бил на одмор во Грција откако се обидел да го спаси својот внук на душек кој го однела морската струја. Трагедијата се случила во средата околу 19 часот во Скала Абдирон, во Ксанти. Медиумите пренесуваат дека двајцата отишле на попладневно капење, а момчето со себе зело душек. Под надзор на дедо му влегол во морето, но морската струја и ветер почнале да го носат момчето далеку од брегот. Некои туристи се обиделе да допливаат до момчето, но тоа било невозможно бидејќи било премногу далеку, на 1.6 километри од брегот на Тасос. На…

Read More