Author: НОВА ТВ Terziova

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, со што се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места. – Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата…

Read More

„Балканска приказна“ која со својата прва епизода е најгледана ТВ серија во Турција, а истата се снима во Скопје, привлече големо внимание не само со својата импресивна и забавна приказна, туку и со одличните изведби на главната актерска екипа и популарните примери на балканска музика кои совршено се вклопија во сцените и приказната. Во втората епизода од серијата ќе следат смешни и забавни сцени, како и неочекувани изненадувања што ќе ја разбудат љубопитноста кај гледачите. Во ТВ серијата, еден од главните улоги Хакан Бојав, кого го гледаме како сопруг на тешката, доминантна Елена (Сузан Акбелге), сочувствителен сопруг и добродушен татко…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Путин првпат по инвазијата врз Украина ќе патува во странство, односно ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан. Предвидено е Путин во Душанбе да се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник. Рускиот претседател во Ашгабат ќе присуствува на Самитот на касписките држави, на кој ќе присуствуваат и лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и на Туркменистан. При руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари, загинаа илјадници луѓе, а раселени се милиони лица, а Москва се најде под строги…

Read More

Денеска беше одржан Г7 самитот во замокот Елмау, Германија, каде што се разговараше за идните цели на овие 7 најразвиени земји. Во текот додека снимаа камерите беше фатено како се пошегуваа на сметка на Путин. Британскиот премиер, Борис Џонсон праша „можеме ли да се соблечеме?“ и доби одговор од неговиот канадски колега, Џастин Трудо „да почекаме да заврши фотографирањето“. Потоа следеше духовита реакција од Џонсон „мора да им покажеме дека сме посилни од Путин“, а Трудо го потенцира јавање на коњ без маица, мислејќи на познатите фотографии од Путин на неговиот одмор во Сибир. Во разговорот се вклучи и претседателката…

Read More

Турската полиција денеска насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул и уапси над 150 луѓе, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми. Уште пред да почне „Прајдот“, полицајци упаднаа во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваа ЛГБТ-активисти и новинари. Според невладините организации, уапсени се најмалку 152-ца луѓе. Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста. По спектакуларната поворка во 2014 година во Истанбул, на која присуствуваа…

Read More

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека патот на Србија кон членство во Европската Унија зависи од геополитичката ситуација и дека не е оптимист, како министерската за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, која претходно изјави дека Србија може да стане членка на ЕУ „во следните пет до седум години“. Вучиќ на конференција за новинарите по повод отворањето на аеродромот Росуље во Крушевац кажа дека патот на Србија е европскиот пат и дека „на него треба да се издржи“, но дека е „реалист по тоа прашање“. „Веруваме во нашите сили, покажавме дека можеме со својата работа, опстојувајќи на европскиот пат и…

Read More

Јужноафриканската полиција ја истражува смртта на најмалку 20 луѓе во ноќен клуб во крајбрежниот град Источен Лондон. Нејасно е што довело до смртта на младите кои наводно присуствувале на забава за да го прослават крајот на зимските училишни испити. Полицискиот бригадир, Тембинкоси Кинана, изјавил дека жртвите биле на возраст од 18 до 20 години. Локалниот весник Daily Dispatch објави дека телата биле расфрлани по маси и столови без видливи знаци на повреди. „Во овој момент не можеме да ја потврдиме причината за смртта“, рече портпаролот на Министерството за здравство Сијанда Манана. „Ќе извршиме обдукција што е можно поскоро за да…

Read More

Автомобил со скопски регистарски таблички падна в море во Неа Каликратија, Грција. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени. Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини. „Поздрав би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочница и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“,…

Read More

Третпат во јуни, познатиот млад пливач-маратонец Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро, овој пат на делница од Радожда до Трпејца. Нешто повеќе од шест часа му беа потребни на Пејчиновски да ја преплива делницата од Радожда до вилата „Марко“ во Трпејца. Од вода излезе нешто пред 16 часот, свеж, како да не пливал 20 километри по жешкото неделно сонце. Подвигот се пренесуваше на неговата страница на Фејсбук. Марко ова лето има план да плива десет различни делници на Охридското Езеро, во вкупна должина од околу 250 километри.

Read More

Членството во НАТО повеќе не е опција за Украина и нема да преземе никакви дополнителни чекори кон приклучување кон воената алијанса предводена од САД, изјави за „Фајненшл тајмс“ Игор Жовква, советник на претседателот Володимир Зеленски. Сепак, официјален Киев сака да биде застапен во политиката на НАТО. Лидерите на НАТО следната недела ќе се состанат во шпанската престолнина Мадрид, а во текот на дводневните состаноци и консултации, Алијансата ќе го претстави својот стратешки концепт-документ кој ја опишува мисијата и односот на Алијансата кон земјите кои не се членки, вклучувајќи ги Кина и Русија. Жовква за „Фајненшл тајмс“ вели дека владата на…

Read More

Империјата неизбежно ќе биде уништена, Крим ќе биде Украина, а кримско-татарското знаме ќе се вее над Аи-Петри, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина. „Никој не ја знае суштината на рускиот нацизам како кримските Татари. Кога те лишуваат од домот, те фрлаат во затвор и те прогонуваат само затоа што си од друга националност. Империјата неизбежно ќе биде уништена, Крим ќе биде Украина, а кримско-татарското знаме ќе се вее над Аи-Петри“, пишува во објавата.

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека понудената цена на струјата од страна на ЕСМ од 48 евра за мегават час, не е нереална во вакви околности, а најмалку политичка, туку тоа е одговорна одлука. Бектеши во објава на Фејсбук наведува дека просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот јули – декември 2022 година на берзите се движи околу 350 евра. Во услови на енергетска криза, како одговорна Влада, секогаш им излегуваме во пресрет на граѓаните, така и ќе продолжиме во иднина – нагласува министерот за економија. Бектеши потенцира дека со мерките кои што досега ги превземала Владата…

Read More