Империјата неизбежно ќе биде уништена, Крим ќе биде Украина, а кримско-татарското знаме ќе се вее над Аи-Петри, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина.

„Никој не ја знае суштината на рускиот нацизам како кримските Татари. Кога те лишуваат од домот, те фрлаат во затвор и те прогонуваат само затоа што си од друга националност. Империјата неизбежно ќе биде уништена, Крим ќе биде Украина, а кримско-татарското знаме ќе се вее над Аи-Петри“, пишува во објавата.