Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Јасно е дека дискусијата дали да се продолжи со овој ревидиран француски предлог или не е во рацете на оваа земја. Не е на ЕУ, не е на Претседателство, ниту на друга земја членка на ЕУ, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на форумот „Западен Балкан и ЕУ во 2022: што престои“. Според него, тоа не значи дека земјата треба да прифати секаков предлог или францускиот ревидиран предлог. „Земјата треба да одлучи, но тоа е фактор во изборот и тој избор треба да се направи смирено и со дискусија. Предлогот е секако компромис, многу чувме за тој компромис, некои…
Екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири останува во куќен притвор уште триесет дена. Но решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за Зекири. Тоа се навестува во делот со кој се цитира образложението на обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата, објави Телма. -Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба…
Четири големи зимзелени дрва паднаа пред Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Едно од дрвата падна врз автомобил. Екипи на ЈП Охридски Комуналец во моментов го расчистуваат влезот на болницата. „Во моментов се расчистува влезот на Центарот за кардиваскуларни заболувања! Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на болницата! Во моментов се расчистува и паднато дрво на 7ми ноември“; се вели во соопштението.
Сашо Мијалков, осомничен во предметот „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК. Деновиве, судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор. На Мијалков ќе му се конфискуваат 6,1 милиони евра во готовина, со што ќе го задржи уделот на неговите фирми во хотелот „Мериот“. Воедно, на Мијалков ќе му се конфискува недвижен имот од околу 30 милиони евра во корист на државата, вклучувајќи 25 станови и градежната парцела лоцирана до хотелот „Мериот“. Мијалков…
На 07.07.2022 во 06.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на Ж.М.(55) од Скопје, настанал пожар во патничко возило „рено канго“, возило „фолксваген кеди“, возило „фиат добло“, сите со скопски регистарски ознаки и вилушкар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело – тешка кражба. – Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, ланци, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра. Потоа веднаш со трчање го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќање до словенечките парламентарци и државниот врв се заблагодари за нивната поддршка на борбата на Украина против руската агресија истовремено предупредувајќи на опасностите што ја загрозуваат европската стабилност преку дејствијата на Русија во најразлични области. „Русија користи различни инструменти за да не уништи. Нејзината цел не е само Украина, туку Европа како најважна цел, тие сакаат да ја скршат Украина, но и европската стабилност“, рече Зеленски, говорејќи преку видео врска од, како што рече, локација блиску до фронтот. Тој се обрати пред пратениците во словенечкиот Парламент на вонредната седница на Националното собрание, на која…
САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје. „САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикува на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје“, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент. Оттаму укажаа дека пристапувањето на Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност. „САД е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави денеска портпарол на Стејт…
Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово. –Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните”, да се замени со „албански јазик како службен јазик во Република Северна Македонија, информираа од партијата. Службата за информирање при ДПА соопшти и дека на конгресот е избран нов состав на централното собрание.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека граѓаните имаат право на протести и на забелешки. Смета дека на протестите што веќе шести ден се одвиваат против францускиот предлог има сценарија кои ја влошуваат состојбата и предложи дебати на која сите ќе ги изнесат своите ставови и аргументи. -Гледајте ги протестите и ќе видите дека има и сценарија во коишто коалициски партнери ја влошуваат состојбата, се обидуваат да ја ескалираат состојбата се со цел, како што реков, да придобијат некои политички поени повеќе. Тоа нас нема да не одврати, нагласи Османи во вестите на Канал 5. Потенцира дека граѓаните…
Вечерва, пред Владата во Тирана, се одржа масовен антивладин протест под мотото „Албанија во опасност – Не вели што ќе ми е мене“, организиран од Сали Бериша. На протестот куси обраќања имаа повеќе граѓански активисти, педагози, актери и млади лица, кои без исклучок побараа рушење на владата на Еди Рама, за кого рекоа дека е најголемиот виновник за сиромаштијата и депопупацијата на населението. „Протест и само протест, сѐ до уривање на оваа влада која го ограби народот и државата“, порачаа тие. На протестот присуствуваше и лидерката на Социјалистичкото движење за социјалистичка интеграција Моника Круемади и партискиот потпретседател Петрит Васили, кои…
На 83-годишна возраст почина американскиот актер Џејмс Кан, ѕвезда на филмовите „Кум“ и „Мизери“, соопштија денеска неговите роднини и неговиот менаџер. „Со голема тага ве известуваме дека Џими почина вечерта на 6 јули. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате неговата приватност во овој тежок период“, се вели во објавата на Твитер. Кан беше роден во Њујорк во 1940 година. Во 1972 година го играше Сони Корлеоне во култниот филм „Кум“ на Френсис Форд Копола. Оваа година се навршуваат 50 години од првото прикажување на тој филм. Друга од неговите големи…