Author: НОВА ТВ Terziova

Пратеникот Антонио Милошоски на почетокот на денешната расправа на Комисијата за избори и именувања на која ќе се дискутира за предлозите на владејачкото мнозинство и на опозицијата за уставни судии побара секој предложен кандидат да реферира пред пратениците за јавноста да има претстава кој ќе биде избран за член на Уставниот суд. Овој предлог според владeјачкото мнозинство, пак, не е во рамки на Деловникот и досега кандидатите за уставни судии немале обврска да се претставуваат лично пред пратениците на што пратеникот реагираше дека ако владејачкото мнозинство не го прифати предлогот ќе остави сомнеж во јавноста дека сака да се сокрие…

Read More

Холивудскиот актер Џони Деп во средата постигна речиси целосна победа во случајот за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд. Американските медиуми веднаш ја објавија веста што ја чекаа фановите на Деп а и илјадници луѓе ширум светот. Читањето на пресудите и реакцијата на Херд се пренесуваше во живо на социјалните мрежи. Херд, седнатa во судницата меѓу двајца нејзини адвокати, гледаше надолу додека се читаа пресудите. -Разочарувањето што го чувствувам денес не е можно да се опише, рече таа во првата изјава откако ја напушти судницата. Срцето ми е скршено дека планината докази не беше доволна за да се спротивставам на…

Read More

Во Германија, од вчера, откако надлежните се откажаа од голем дел од данокот на енергија, резултатот е поевтини горива. Сега бензинот е поевтин за 35, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат. Во моментов бензинот во Германија чини, во просек, 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар. Инаку, Холанѓаните се загрижени затоа што нивните граѓани отидоа до Германија по гориво и наводно ги наполниле резервоарите, но го превезуваат и во канистри. Поради тоа стануваат опасност во сообраќајот, односно во случај на судар се зголемува веројатноста за катастрофална експлозија.

Read More

По три дена расудување, поротата утврди дека Амбер Херд дала клеветнички изјави за Џони Деп со пишувањето авторски текст за наводно преживеаното сексуално и семејно насилство. Хард, која исто така поднесе противтужби за клевета, доби само една од трите ставки против глумецот. Обајцата се обвинија меѓусебно за злоупотреба и нанесување штета на кариерата. Таа, облечена во црно, во Судот во Калфорнија ја слушна пресудата, додека Деп бил во Велика Британија. – За разочарувањето што го чувствувам денеска, нема зборови. Скршена сум што планината докази не беа доволни за да се спротивставам на непропорционалната моќ, влијание и маневрите на мојот поранешен…

Read More

Судија го прифати барањето за безусловно ослободување на Џон Хинкли Јуниор, кој на 30 март 1981 година, се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган, со цел да ја импресионира актерката Џоди Фостер. Хинкли излегува на слобода шест години по неговото отпуштање од психијатриска болница. Според судот, по години лекување и психолошко набљудување, Хинкли повеќе не е опасен за општеството и од 15 јуни може да биде без судска контрола, оцени судот. Хинкли, кој има 67 години, пукаше во американскиот претседател, додека тој излегуваше од хотелот „Хилтон“ во Вашингтон. Напаѓачот изјави дека сакал да ја импресионира Фостер, која ја…

Read More

Турскиот претседател Таип Ердоган ги смени амбасадорите во Шведска и Финска, земји кои аплицираа за членство во НАТО. Според официјалниот весник на турската влада „Ресми Газета“, Ердоган назначил нови амбасадори во 25 земји, па така Дениз Чакар, кој беше генерален директор за меѓународна промоција и култура, е назначен за амбасадор во Финска, додека Јан Тезељ, кој беше директор генерал за билатерални политички прашања во турското Министерство за надворешни работи, стана амбасадор во Шведска. Поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во алијансата. Турција го блокираше почетокот на процесот…

Read More

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, е назначен за директор на едно од двете официјални депоа во Македонија за најголемите бродски компании во светот како Маерск, Евергрин, COSCO, Хапаг Лојд и други, објави Фактор. Депото „Блу Бел“ во Гази Баба со кое ќе раководи Дерковски е на „Навико Шипинг“, компанија специјализирана за бродско-контејнерски транспорт на стоки за Македонија која е највисоко рангирана во регионот. Второто депо на оваа компанија е во Гевгелија на самата граница со Грција. Деркоски е поранешен директор на Македонски железници – Транспорт, а интересно е тоа што „Навико Шипинг“ е една од компаниите кои…

Read More

На 5 мај заедно со координаторот на пратеничката група во името на целата пратеничка група, поднесовме закон за намалување на акцизите за од прилика 50%, кој што го поднесуваме трет пат, претходните два пати ни беше одбиен. Во текот на вчерашниот ден поднесовме закони за намалување на ДДВ за прехранбени производи од 5% на нула, како и на енергенсите бензинот и дизелот од 18%, овој пан на 5% затоа што сметаме дека тоа е начинот на кој што треба да им се помогне на граѓаните. Денеска сабајле повторно ги повикавме власта и владејачкото мнозинство да закажат веднаш, итна и неодложна…

Read More

Најмалку четири лица се убиени во средата во престрелка во болница во Тулса, во Оклахома на југот на САД, соопшти полицијата. -Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, меѓу кои и напаѓачот, во пукотница во болницата Свети Францис”, објави локалната полиција на Твитер. Претходно од полицијата беше соопштено дека во текот на попладневните часови интервенирала кога маж со пушка влегол во зградата на болницата. -Полицијата во моментов врши увид во сите простории во зградата за да се елиминира можната закана”, беше посочено во соопштението, како и дека „повеќе луѓе се повредени”. Градскиот советник Џејм Фаулер за локална телевизија изјави…

Read More

15.700 кутии диазепам за крај на денот, објави докторот Ненад Лазаров на својот фејсбук профил. Утрото до 8.30 часот беа издадени 1150 кутии диазепам, а оваа бројка до 11 часот се зголеми на 6200 кутии, пишува во неговата објавата. Докторот пред неколку месеци објави податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти диазепам, 300.000 повеќе од 2015 година. Од Здружението на приватни лекари вчера за НоваТВ изјавија дека тоа, главно, е редовна терапија што им се препишува на пациентите за наредните 3  месеци, бидејќи се наближува лето и многу повозрасни пациенти  заминуваат по селата и на одмор. „Но сигурно…

Read More

Северна Македонија и САД денес во Вашингтон ќе одржат стратешки дијалог чиј формален домаќин ќе биде помошничката државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид. Македонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во делегацијата се и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и за кулутура Бисера Костадиновска Стојчевска. Стратешкиот дијалог, како што рекоа од Владата при составувањето на делегацијата, претставува подигнување на односите со САД на повисоко ниво. При разговорите ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против…

Read More

Турската полиција силно ги разби демонстрантите кои се обидоа да ја одбележат деветгодишнината од протестите во паркот Гези, при што беа уапсени 170 лица, вклучително и новинари кои известуваа за настанот. Турската полиција агресивно ги спречи луѓето да ја одбележат деветгодишнината од протестите во паркот Гези во Истанбул. На толпата не и беше дозволено да влезе на плоштадот Таксим и паркот Гези, а полицијата употреби насилство за да ги спречи демонстрантите, со барикади, солзавец и палки. Толпата извикуваше слогани: „Секаде е Таксим, секаде е отпор“, „Не слушајте, полагајте право на вашата земја“ и „Не на шеријатот, фашизмот и темнината“. Според…

Read More