Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турската полиција приведе 170 лица на годишнината од протестите во паркот Гези

0
By НОВА ТВ Terziova on June 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Минатогодишниот протест во Истанбул собра повеќе стотици незадоволни граѓани
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2022 13:57

Турската полиција силно ги разби демонстрантите кои се обидоа да ја одбележат деветгодишнината од протестите во паркот Гези, при што беа уапсени 170 лица, вклучително и новинари кои известуваа за настанот.
Турската полиција агресивно ги спречи луѓето да ја одбележат деветгодишнината од протестите во паркот Гези во Истанбул.

На толпата не и беше дозволено да влезе на плоштадот Таксим и паркот Гези, а полицијата употреби насилство за да ги спречи демонстрантите, со барикади, солзавец и палки.

Толпата извикуваше слогани: „Секаде е Таксим, секаде е отпор“, „Не слушајте, полагајте право на вашата земја“ и „Не на шеријатот, фашизмот и темнината“.

Според Синдикатот на новинарите на Турција, шест новинари се приведени, а неколку од нив се повредени.

„Новинарството за време на протест не е кривично дело. Ослободете ги нашите колеги“, велат од синдикатот, повикувајќи ги властите да отворат истрага против полицајците.

Протестите во паркот Гези во 2013 година започнаа во одбрана на паркот во близина на плоштадот Таксим на кој властите во Истанбул планираа да го изградат. За кратко време, тие прераснаа во национален излив на гнев против се поавторитарната влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Тие станаа предизвик за Ердоган низ целата земја, а беа пресретнати со полициска акција во која загинаа најмалку девет лица, а илјадници беа повредени и приведени.

Ердоган ги дефинираше протестите како обид за државен удар и тврдеше дека тие биле организирани со помош на странски сили од американскиот милијардер филантроп Џорџ Сорос, основач на Фондацијата Отворено општество.

Во април оваа година, покрај другите активисти, на доживотен затвор беше осуден и поранешниот член на одборот на Фондацијата Отворено општество во Турција и активист за човекови права, Осман Кавала, поради обид за соборување на владата преку финансирање на протестите во паркот Гези во 2013 година.

Ердоган Истанбул протест Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.