Во Германија, од вчера, откако надлежните се откажаа од голем дел од данокот на енергија, резултатот е поевтини горива. Сега бензинот е поевтин за 35, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат.

Во моментов бензинот во Германија чини, во просек, 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар.

Инаку, Холанѓаните се загрижени затоа што нивните граѓани отидоа до Германија по гориво и наводно ги наполниле резервоарите, но го превезуваат и во канистри. Поради тоа стануваат опасност во сообраќајот, односно во случај на судар се зголемува веројатноста за катастрофална експлозија.