Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и САД денес во Вашингтон одржуваат стратешки дијалог, домаќин на разговорите помошничката државен секретар Карен Донфрид

0
By НОВА ТВ Terziova on June 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Помошничка државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 07:54

Северна Македонија и САД денес во Вашингтон ќе одржат стратешки дијалог чиј формален домаќин ќе биде помошничката државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид. Македонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во делегацијата се и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и за кулутура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Стратешкиот дијалог, како што рекоа од Владата при составувањето на делегацијата, претставува подигнување на односите со САД на повисоко ниво. При разговорите ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, миграција, борба против тероризам и справување со организираниот и меѓународен криминал.

Дијалогот ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, соработката на двете земји како НАТО партнери, аспирациите на Северна Македонија за зачленување на ЕУ и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.

Македонската делегација е придружувана во САД и од амбасадорката Кејт Мари Брнз. Во пресрет на денешната рунда разговори, Брнз во интервју за Алсат-М рече дека од американска страна ќе присуствуваат и претставници од одбраната и од други федерални владини агенции.

„Идејата е да се разгледаат можностите за интензивирање на соработката. Очекуваме дека ќе има заеднички изјави по завршувањето на состанокот, и тоа ќе ни помогне да ги идентификуваме областите од обостран стратешки интерес“, рече Брнз.

„Стратешкиот дијалог е комплементарен со визијата на Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија, целосно интегрирана во сите евроатлантски институции”, истакна таа во интервјуто како одговор на прашањето дали чекорот на САД е предизвикан од застојот во евроинтеграциите на Македонија и дали на него треба да се гледа како на замена за неуспехот да се почнат преговорите со ЕУ.

„Дозволете ми прво да појаснам дека стратешкиот дијалог не е за барања туку за разбирање и да видиме што можеме да направиме заедно. Граѓаните бараат демократија која создава можности, просперитет и создавање подобра иднина за следните генерации. Иднината на Северна Македонија и на Западен Балкан е во Европа”, подвлече амбасадорката.

„Целта на стратешкиот дијалог е да ги лоцираме областите во кои немаме целосна дипломатска соработка. Ние имаме веќе соработка во одбраната, но можеме многу повеќе да направиме во други области како што се економијата, енергијата, добро владеење, младите,културна и образовна размена”, рече таа.

Пред почетокот на стратешкиот дијалог министерската четворка во Вашингтон одржа средби со претседателот на ИРИ (National Republican Institute), Даниел Твининг и со претседателот на Националниот демократски институт (NDI), Дерек Мичел.

(С.К.)

Вашингтон Македонија САД Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.