Author: НОВА ТВ Terziova

Во владата на британскиот премиер Борис Џонсон, пет државни секретари и потсекретари денеска преку заедничко писмо објавија дека поднесуваат оставки. „Ја имавте најтешката задача во една генерација. Се восхитуваме на вашата цврстина, издржливост и траен оптимизам. Со право можете да се гордеете со значајните одлуки кои, со заедничка акламација, сте ги направиле исправни. Меѓутоа, станува се појасно дека владата не може да функционира со оглед на прашањата што излегоа на виделина и начинот на кој со нив се постапуваа. Со добра волја мораме да побараме, за доброто на партијата и државата, да се повлечете”, се наведува во писмото до премиерот.…

Read More

Вчеравечер во 00.45 часот во Полициската станица Центар, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека врз нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба од нејзин малолетен другар. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ демантира дека Владата нешто сака да скрие со протоколот со Бугарија. -Немаме намера, ниту сакаме да скриеме. Документи се објавуваат откако тие ќе бидат во финална фаза. Има толку верзии на овие документи, што би било збунувачки за јавноста да објавиме нешто што не е дефинитивно, одговори Маричиќ на новинарско прашање. Тој додаде дека Турција има конкретни барања за нејзината безбедност од Финска и Шведска. -Ние да блокираме пријателски земји, кои секогаш биле на наша страна, поради Бугарија, мислиме дека тоа не е чесно. Мислиме дека во овој момент не е таков, со војна…

Read More

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати апел до граѓаните кои ќе бидат дел од вечерашниот протест против францускиот предлог, правото да го искористат на демократски начин и притоа да не дозволат да бидат изманипулирани како што беа некои други и да нападнат полициски службеници или витални објекти. „Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни. Протестот е демократско право и може да организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок“, напиша тој на својот фејсбук…

Read More

Во Грција денеска е регистриран првиот смртен случај што се поврзува со мистериозниот детски акутен хепатитис од непознато потекло, а станува збор за 13-месечно бебе, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението објаснуваат дека бебето било хоспитализирано во приватна клиника, испитувањата покажале откажување на црниот дроб и церебрален едем, а и покрај напорите на лекарите, починало. Во Грција, според ЕОДИ, се регистрирани вкупно 11 случаи, кои ги исполнуваат критериумите за „веројатен случај” на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца, согласно дефиницијата на Светската здравствена организација. За овие случаи не…

Read More

„Имаме заедничко минато, заедничка иднина, сме поминале низ добри и лоши моменти. Не е време за лажни вести, за емоцинална дебата базирана на лажни вести. Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка без фусноти и ѕвездичка, изјави координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција“, Арбер Адеми „Велат немаме старт на преговори, ќе имаме старт на преговори, вчера тоа беше истакнато од Мишел дека и ние и Албанија ќе стартуваме веднаш со скрининг процес. Се вели како лажна вест дека нема преговарачка рамка, а има преговарачка рамка. Ќе се потврди дека македонскиот јазик е македонски и ќе стане официјален…

Read More

Реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава. – Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет, рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија. Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и…

Read More

47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти е вечерашниов биланс од протестите пред Собранието кои ескалираа откако помала група учесници почнаа да фрлаат со камења и јајца кон зградата. Од МВР велат дека 47 полицајци се повредени, од кои 11 потешко, а двајца се со сериозни повреди. Штети има на објектите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи. На клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” примени биле тројца полесно повредени полицајци, но, како што изјави за МИА директорката на болницата Нермин Шаќири, бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање каде…

Read More

Министрите за финансии и здравство Саџид Џавид и Риши Сунак поднесоа оставки од Владата на Велика Британија. Како што пишува Ројтерс, тоа е нешто што изгледа како последен удар за премиерот Борис Џонсон, кој се обиде да се извини поради најновиот скандал поврзан со обвинувањата за претходно сексуално недолично однесување на еден од неговите министри. Министерот за здравство Џавид ја објави својата оставка во соопштение, велејќи дека „веќе не може да продолжи со чиста совест“. Неколку моменти подоцна и министерот за финансии Сунак објави дека поднесува оставка. Оставките дојдоа откако Џонсон се извини за, како што рече, грешката што не…

Read More

Вечерва се случила тепачка меѓу две семејства во Турското маало на улицата „Бетовенова“. Во тепачката бил употребен и остар предмет со кој бил прободено момче на 22-годишна возраст. Повредени се две жени, како и едно малолетно лице. Повредениот малолетник има 16 години. Сите се надвор од животна опасност. Жртвата била донесена во струмичката болница, но таму лекарите можеле само да констатираат смрт. Момчето било веќе мртво пред да стигне во болницата.

Read More

Најмалку тројца полицајци се повредени од дивеењето на демонстрантите, кои покрај камења вечерва фрлаат и со молотови коктели кон полицијата. Македонската полиција цврсто ја држи ситуацијата под контрола, но протестот уште трае. Дел од демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог вечерва ја урнаа оградата пред Собранието. Десетици момчиња од кои повеќето со качулки на главите фрлаат кон Парламентот и полицискиот кордон со разни предмет и користат пиротехника и молотов коктел. Пред Собранието се забележува големо полициско присуство.

Read More

Инциденти се случија вечерва на протестот против францускиот предлог пред Собранието, откако дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда и притиснаа да влезат во зградата. Пред вратите на Собранието е поставен голем полициски кордон, кој ја спречува толпата да влезе во собраниската зграда. Дел од демонстрантите се со фантомки на главите. Пејачката Ребека Јанковска пред Собранието го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи каде се родил, каде се лекувал, каде израснал, откако тој рече дека нема емоции во преговарањето. „И вие тука и вие во Владата се нарекувате Македонци. Која мајка вас ве доела. Предавници. Ние не ги окупиравме…

Read More