Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ демантира дека Владата нешто сака да скрие со протоколот со Бугарија.

-Немаме намера, ниту сакаме да скриеме. Документи се објавуваат откако тие ќе бидат во финална фаза. Има толку верзии на овие документи, што би било збунувачки за јавноста да објавиме нешто што не е дефинитивно, одговори Маричиќ на новинарско прашање.

Тој додаде дека Турција има конкретни барања за нејзината безбедност од Финска и Шведска.

-Ние да блокираме пријателски земји, кои секогаш биле на наша страна, поради Бугарија, мислиме дека тоа не е чесно. Мислиме дека во овој момент не е таков, со војна во Украина, да блокираме две важни држави, за да постигнеме ние притисок врз друга држава, за која што Финска и Шведска не можат ништо да направат, ниту нешто да гарантираат, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ го демантираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека билатералниот протокол со Бугарија бил усогласен и дека се чека само да му стават потпис заедно до бугарската колешка Генчовска.