Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов истакна дека е згрозен од наставникот во струмичко училиште за кој има сомневање дека недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете. Костадинов потенцира дека секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. -Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето. Ова нека биде опомена за…
Во Белград заврши редовниот мајски Собор на Српската православна црква, на кој на МПЦ-ОА и беше потврден статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година, по што беше одржана заедничка литургија на владици на СПЦ и МПЦ-ОА, со што се воспостави литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви. Во соопштението на официјалниот сајт на СПЦ, покрај повеќе одлуки кои се донесени на овој Собор, се споменува само заедничката литургија во Соборниот храм на Свети Сава со кој се воспостави евхаристичко општење и канонското единство помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА. – Следниот благодатен и благословен настан…
Белорускиот претседател Александар Лукашенко го повика светот сериозно да ја разгледа можноста регионалниот европски конфликт да се претвори во вистинска светска војна и да спречи таков исход со заеднички напори. „Минск апелира до земјите во светот да се обединат и да не дозволат регионалниот конфликт во Европа да ескалира во вистинска светска војна“, се вели во писмото на претседателот до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Во овој поглед, тој предлага испорака на оружје, воздржување од информативна војна и секакви провокации, од поттикнување мизантропска реторика во медиумите, од поттикнување расизам и дискриминација врз основа на национална, културна, јазична и верска…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска уште еднаш посочи дека ќе се спроведе одлуката за испишување на децата што не се жители на Карпош од градинките на 10 јуни и потсети дека нивните родители уште во декември биле известени за таквиот потег. Ние можевме веднаш да донесеме одлука и уште на 1 декември да се ускрати гостопримството на тие дечиња, но сакавме да бидеме фер. Меѓутоа, бевме фер на штета на нашите најмлади жители на општина Карпош и на штета на нашите сограѓани – рече Јакимовски и додаде дека на 10 мај, еден месец однапред повторно ги информирале родителите.…
Јадранското Море препознатливо по изразито сината боја, на некои делови во Далмација стана сиво. Причина за тоа е една необична појава која ги вознемири локалните жители. Роеви мушички кои деновиве се појавија во огромен број и ги изненадија жителите на местото Трибуње, вчера завршиле во морето. Изумрените инсекти го обоија морето во сива боја. Постарите жители на хрватското крајбрежје не паметат дека вакво нешто досега. Метереологот Теа Блажевиќ смета дека инвазијата на мушички може да се поврзе со натпросечно топлото време за овој период од годината. Објаснување за необичната наезда на мушички со кои деновиве мака мачат некои делови од…
Тетовци бараат повеќе полиција на улиците. Ова го покажале резултатите од граѓаните кои учествувале во фокус групите и во истражувањето на јавното мислење на Центарот за европски стратегии – Евротинк. И покрај поголемата доверба во полицијата која ја имаат жителите во Полошко, за разлика од државниот просек, поголема резервираност во однос на транспарентноста, сепак неминовни се проблемите кои прават да се чувствуваат небезбедни. Од СВР Тетово, велат дека нивни екипи се на терен, но бараат поголема соработка од граѓаните, за тие да пријавуваат иформации за нелегални дејствија. Во анкета, пак, граѓаните велат дека на улиците најчесто гледаат сообраќајни полициски службеници,…
Во демократска атмосфера, транспарентно и со огромно мнозинство делегатите на Првиот конгрес на Алтернатива денеска во вториот работен дел му доверија нов четиригодишен мандат на досегашниот претседател на партијата, Африм Гаши. За изборот на Гаши за нов претседател на Алтернатива гласаа високо мнозинство од присутните делегати на Конгресот. Претседателот Гаши по гласањето се заблагодари за честа и довербата која што му ја дадоа делегатите на Конгресот и членството на партијата. „На демократски начин Конгресот одлучи да ми довери нов четиригодишен мандат. Тоа е огромна чест и одговорност истовремено, им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено сакам да биде ова…
Во Сремски Карловци денеска се одржа централната прослава по повод стогодишнината од воспоставувањето на Српската патријаршија. По свечената утринска литургија, следуваше заседание на Соборот на Српската православна црква, а работниот дел треба да продолжи утре во Белград, по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Српските медиуми повикувајќи се на неофицијални извори пишуваат дека СПЦ ќе ја потврди одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој на 9 мај ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење…
Се одржа првиот конгрес на Алтернатива, која се формираше како фракција на Движење Беса но на конгресот, не беше присутен пратеникот од оваа партија,Скендер Реџепи, иако на краткиот видео материјал подготвен за историјата на партијата, Реџепи речиси на секој дел е покрај лидерот на партијата Африм Гаши. „Тој беше поканет како и сите други делегати, има многу други делегати кои не дојдоа, секој ги знае своите причини“, вели Африм Гаши. Реџепи објасни дека не учествувал на конгресот бидејќи е принципиелен кон своите ставови изразени пред неколку дена. „Граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори како и тоа кога ќе се оствари…
Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово открива јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовевски за емисијата 25 минути. Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството презема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци, вели тој. На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои мастерс турнирот во Рим, откако во финалето денеска го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2:0 во сетови (6:0, 7:6) за негова шеста титула во италијанскиот главен град. Српскиот ас го освои својот прв трофеј во 2022 година и со тоа на најдобар начин ја направи увертирата за следниот Грен слем на „Ролан Гарос“ во Париз, Франција кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни. Ѓоковиќ одлично го започна мечот, со три последователни брејка практично го „прегази“ Гркот Циципас и го освои првиот сет за точно 30 минути без загубен гем. Во…
Српскиот член на Претседателството на БиХ по повод одбележувањето на „Тузланската колона“ изјави дека нема правда за српскиот народ во БиХ, бидејќи никој не е одговорен за тоа злосторство. „Денес, кога се сеќаваме на злосторствата врз припадниците на ЈНА во колоната во Тузла, мислите ми се со семејствата на загинатите војници. Упорното одбивање на судските институции да ги гонат одговорните за ова злосторство е уште еден во низата докази дека нема правда за српскиот народ во БиХ“, напиша Додик на Твитер. https://twitter.com/MiloradDodik/status/1525758834958118912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525758834958118912%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fregion%2Fbosna-i-hercegovina%2F3933655%2Fdodik-u-bih-nema-pravde-za-srpski-narod Додик додаде дека сите извршени и неказнети злосторства врз Србите „трајно не потсетуваат на нашата борба за слобода…