Тетовци бараат повеќе полиција на улиците. Ова го покажале резултатите од граѓаните кои учествувале во фокус групите и во истражувањето на јавното мислење на Центарот за европски стратегии – Евротинк.

И покрај поголемата доверба во полицијата која ја имаат жителите во Полошко, за разлика од државниот просек, поголема резервираност во однос на транспарентноста, сепак неминовни се проблемите кои прават да се чувствуваат небезбедни.

Од СВР Тетово, велат дека нивни екипи се на терен, но бараат поголема соработка од граѓаните, за тие да пријавуваат иформации за нелегални дејствија.