Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Русија нема право да решава дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО, кажа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Тој кажа дека претседателот Владимр Путин предупредил дека приклучување на Финска во алијансата би било грешка, но смета дека Русија нема право да реагира. Претседателот на Финска, Саули Нинисто претходно кажа дека неговата земја ќе поднесе барање за членство во НАТО. Финските власти соопштија дека земјата официјално донела одлука и дека ќе поднесе барање за членство во НАТО. Претседателот Саули Нинисто и премиерката Сана Марин одлуката ја соопштија одлуката на прес-конференција. Финскиот парламент се очекува да ја усвои одлуката во наредните денови. Сепак, овој…
Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“. Приказната за Дестанов ја објавува порталот СДК. Радоста тој ја подели со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој им е поддршка во моментов на 61 дете што успеале да ги одвратат од питачење, да ги запишат на школо и да им помагаат во доедукацијата и во исполнувањето на домашните задачи. Исклучително заинтересиран за математиката,…
Малолетен пешак бил прегазен од автомобил вчера во Прилеп, пришто возачот побегнал. Како што соопшти МВР, несреќата се случила на улицата Браќа Ламески. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид извршила полициска екипа.
Тековната криза предизвикува сериозни предизвици и во индустријата во Македонија. Растечките се цените на суровините, поскапиот транспорт и конкуренцијата за нови пазари се проблемите со кои се соочуваат големите фабрики. Во услови на криза, бизнисмените велат дека им е потребна добра превентивна анализа, но се поставува прашањето дали е поисплатливо да се инвестира или да се заштедат пари во тешки случаи. „За тоа што го произведуваме, можам да кажам дека пазарите се доста активни во моментов, каде што продажните цени значително се зголемија од почетокот на годината, мислам од преголемата реакција до војната во Украина. Многу инвеститори кои имаа големи…
Познатиот пејач од Крагуевац, Милош Стевановиќ (39) синоќа со нож избодел двајца членови на својот бенд по жестока расправија. Масовна тепачка избила синоќа во близина на ресторанот Регент во српскиот град Крагуевац, со тешки последици. Очевидци за српските медиуми велат дека досега не виделе нешто толку крваво и страшно. – Најлошо од се е што се загрозени два млади животи. Според изворот, по расправија меѓу неколку лица, пред овој познат објект избила крвава пресметка, пишува Нова.рс. Српските медиуми пишуваат дека „познатиот пејач бил главниот виновник за овој страшен настан и од засега непознати причини при тепачка и расправија извадил нож…
По вчерашната страшна несреќа кај Ковиљ, во која животот го загуби еден хрватски државјанин, а повредени се четворица негови сопатници, македонски државјани, лекарите се уште се борат за животите на едно девојче (7 години) и една жена (52), објави денеска „Блиц“. Од Заводот за здравствена заштита на деца и младинци на Војводина за „Блиц“ велат дека момчето (10) кое е полесно повредено во несреќата се чувствува добро, додека девојчето (7) за кое се претпоставува дека му е сестра е на интензивна Одделот за нега на Детска хирургија „во тешка состојба, но засега стабилна“. Од Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар…
Извршниот директор на бугарската државна компанија Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за БНТ изјави дека иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Македонија, Грција и Србија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Малинов, Бугарија започнала преговори со Турција за обезбедување рута за снабдување со природен гас како алтернативна рута. Булгартрансгаз е подготвен да го наполни бугарското национално складиште за гас во Чирен до крајот на летото и на есента. Малинов рече дека вчера е направено уште едно тестирање на гасната врска меѓу Бугарија и Грција и се…
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска истакна дека тие влегле во Владата за да помогнат да се добие датум за преговори. „Ако во некој момент процениме дека со нашето излегување би се помогнало за таа цел, би го направиле тоа. Но ние мислиме дека треба да има влада во Скопје, во нашата држава, која активно работи на изнаоѓање на договор со Бугарија и што побргу да се започнат преговори со Унијата за да станеме полноправна членка, истакна Гаши. Гаши вели дека нормално е опозицијата да бара предвремени избори, нешто што и тие го барале додека не биле во власта, и…
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во недела претпладне гостуваше на ТВ Прва. Зборувајќи за конфликтот во Украина, Вучиќ изјави дека наесен очекува нов конфликт и дека поверојатно е да се случи нуклеарна војна отколку не. Сите сакаат мир, но треба да се победи другата страна. Така, никој не сака мир и конфликтите ќе продолжат. Претседателот Си ја предупреди Европа и рече дека мора самата да се грижи за безбедноста, бидејќи оваа „мала криза во Украина“ може да стане дел од големите глобални поделби и конфликти, рече тој додавајќи: „Наесен очекувам поголеми глобални конфликти, за сите други очекувам пеколна зима,…
Исчезнат е младиот Николче Николовски, а неговите пријатели бараат помош. Тие во фејсбук статус апелираат доколку граѓаните го видат или имаат било каква информација да ги контактираат на нивниот профил. „Луѓе наши, ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13ти мај – ПЕТОКОТ, последно е виден кај бензиската пумпа Мак Петрол – кај Транскоп, движејќи се со Форд Фиеста со регистрација BТ 852 . Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520. Фиестата…
Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања. Покрај прашањето за која партија граѓаните би гласале ако утре се одржат предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ побара директни одговори на анкетното прашање „Која страна ја поддржувате во војната со Украина?“ Според анкетата на ИПСОС, 29 проценти од испитаниците одговориле дека ја поддржуваат Украина, 13 проценти Русија, а 10 проценти двете страни. Најголем број од испитаниците сепак одговориле дека не поддржуваат ниту една од двете завојувани страни, а 10 проценти одговориле…
По претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски, кој се огласи и рече дека ова е голема победа за Украина и дека светот ја препознал нивната храброст, реакција стигна и од Русија. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на Фејсбук ги сподели своите впечатоци во однос на победата на Украина. „Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа“ напиша Захарова. На 66. Избор за песна на…