Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во недела претпладне гостуваше на ТВ Прва.

Зборувајќи за конфликтот во Украина, Вучиќ изјави дека наесен очекува нов конфликт и дека поверојатно е да се случи нуклеарна војна отколку не.

Сите сакаат мир, но треба да се победи другата страна. Така, никој не сака мир и конфликтите ќе продолжат. Претседателот Си ја предупреди Европа и рече дека мора самата да се грижи за безбедноста, бидејќи оваа „мала криза во Украина“ може да стане дел од големите глобални поделби и конфликти, рече тој додавајќи:

„Наесен очекувам поголеми глобални конфликти, за сите други очекувам пеколна зима, бидејќи гледам дека нема доволно одговорност и сериозност“,  изјави Вучиќ.

На прашањето на водителката дали се плаши од нуклеарниот конфликт, Вучиќ рече дека тоа е многу реално.

„Мислам дека поголеми се шансите тоа да се случи“, рече тој.