Познатиот пејач од Крагуевац, Милош Стевановиќ (39) синоќа со нож избодел двајца членови на својот бенд по жестока расправија. Масовна тепачка избила синоќа во близина на ресторанот Регент во српскиот град Крагуевац, со тешки последици. Очевидци за српските медиуми велат дека досега не виделе нешто толку крваво и страшно.

– Најлошо од се е што се загрозени два млади животи. Според изворот, по расправија меѓу неколку лица, пред овој познат објект избила крвава пресметка, пишува Нова.рс.

Српските медиуми пишуваат дека „познатиот пејач бил главниот виновник за овој страшен настан и од засега непознати причини при тепачка и расправија извадил нож и им нанел тешки телесни повреди на две лица кои се уште се во животна опасност“.

Според неофицијални информации од УКЦ Крагуевац, на едно лице за жал му е изваден бубрегот и прашање е дали двајцата млади ќе успеат да преживеат по повредите што им ги нанел разбеснетиот пејач.