Author: НОВА ТВ Terziova

Група од 13 земји-членки на Европска Унија не го поддржуваат предлогот за измена на Договорот за ЕУ, што е еден од заклучоците на штотуку завршената Конференција за иднината на Европа, поддржана од францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен. – Иако не исклучуваме ниту една опција во оваа фаза, не поддржуваме непромислени и предвремени обиди за иницирање на процес за промена на Договорот. Тоа би повлекувало сериозен ризик од пренасочување на политичката енергија од важните задачи за изнаоѓање решенија на прашањата што очекуваат да бидат одговорени нашите граѓани и од геополитичките предизвици со кои…

Read More

Непримерно и нездраво е да се поставуваат ултиматуми на Бугарија – вака бугарскиот Претседател Румен Радев ја коментира последната изјава на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи кој оцени дека јуни е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу двете држави. Радев кој беше дел од церемонијата кај нашиот источен сосед за жртвите дадени во борбата против фашизмот, уште еднаш потврди дека Бугарија се соочува со притисок од меѓународните партнери за да го крене ветото за Македонија, и додаде дека треба да се види дали и Владата на Петков ќе одолее на притисоците. „Крајно е несоодветно и…

Read More

На 08.05.2022 во 11.30 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.Ѓ.(22) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

„Во одбраната и Армијата нема место за политика, затоа што сите сме застанати зад едно знаме“, посочи министерката за одбрана Славјанка Петровска и побара поранешните и активните генерали да се вклучат во процесот на трансформација на системот за одбрана, кој продолжува и по членството во НАТО, за зајакнување на капацитетите и способностит. „Се заложив поранешните началници на генералштабот и членовите на клубот на генерали активно да се вклучат во новите студиски програми на Воената академија и се разбира, во сите форми на едукација на командата за обука и доктрини. Заедничката цел е преку широки консултации да продолжиме со процесот на…

Read More

МРТ жестоко го искритикува фрлањето на знамето од страна на нашата евровизиска претставничка, Андреа Коевска. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија. Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме. -Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на…

Read More

Еден од најблиските соработници на Владимир Путин тврди дека Русија може да ги уништи сите земји од НАТО за половина час. -Во нуклеарна војна, земјите на НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час. Но не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни напади ќе влијаат на состојбата на нашата Земја. Затоа, ќе мораме да го победиме овој економски и воено помоќен непријател со конвенционални вооружени средства – рече Дмитриј Рогозин, шеф на вселенската агенција Роскосмос. Неговите изјави дојдоа во време кога на последната генерална проба за парадата на Денот на победата во Москва беше…

Read More

Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг додека ја фотографираа во Торино ги збуни присутните откако го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него. Ова се случи на свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Андреа откако го фрли знамето, продолжи кон водителите и го остави долу, по што некој од нашата делегација го крена. Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се…

Read More

Денеска се одржа последната работна средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука закажана од овластениот помирувач. На средбата бил донесен заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена со оглед на фактот дека преговорите оделе во нагорна линија. „На денешниот состанок двете страни ја утврдија содржината на препораката според која предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот на усогласување на платите, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на нови колективни договори за основно и средно образование“, се…

Read More

Фудбалскиот натпревар во Тетово помеѓу екипите на Шкендија и Шкупи донесе голем број прекини, последниот се случи заради удар кон линискиот судија. Во еден момент публиката фрли некаков предмет и го погоди судијата во ногата. Тоа донесе нов прекин и нова мешаница на теренот, по која се вмешаа и фудбалерите на двата тима. Претходно, во главата беше погоден гостинскиот фудбалер 21-годишниот Ардит Иљази. Пред мечот, пак, беа нападнати фудбалерите и стручниот штаб на гостинската екипа при пристигнувањето на стадионот. https://www.youtube.com/watch?v=CaRnBIl3ASs https://novatv.mk/video-intsident-pred-stadionot-vo-tetovo-povredeni-igrachi-i-doktorot-na-shkupi/

Read More

Постојаните претставници на Европската унија денеска не постигнаа договор за санкции против Русија, меѓу другото и поради Унгарија, јавува Блумберг повикувајќи се на информирани лица. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека за неговата земја е неприфатливо воведувањето ембарго за увоз на нафта од Русија. Тој се спротивстави и на воведувањето санкции против рускиот патријарх Кирил. „Дваесет и седум постојани претставници на ЕУ не успеаја да постигнат договор за санкциите против Русија на состанокот во неделата. Се очекува дискусијата да продолжи во наредните денови“, наведува Блумберг. Според изворите на агенцијата, Унгарија продолжува да го блокира предлогот на Европската унија за…

Read More

Македонскиот возач продолжува да доминира во португалската Брага на патеката „Рампа дал Фапера“ во Европскиот шампионат на ридски патеки. Игор Стефановски – Иџе ја освои повторно првата позиција (1 категорија) овојпат со остварено време 2:16.296. На втората позиција се најде Габриела Кореја од Португалија, пред Хрватот Томислав Мхвич. Иџе претходно триумфираше и во рамките од првата трка. Според програмата шампионатот ќе продолжи во Шпанија во периодот од 13-15 мај 2022 год.

Read More

Во сообраќајна несреќа во селото Церовац кај Шабац, загина мајката М.С. и нејзиниот син В.С. (3), како и возачот на мотоцикл Н.З. До несреќата дошло кога мотоциклистот удрил во задниот дел од автомобил марка „фиат“ во кој се наоѓале мајката и синот. Според очевидци на несреќата, двајца возачи се тркале со мотоцикли, кога мотоциклистот Н.З. удрил во автомобилот и загинал, додека другиот побегнал од местото. – Насекаде имаше крв, не процени дека автомобилот ќе сврти таму. Камионот ја држеше својата страна, возеше нормално. Тие се тркаа со мотори, „ѓаволот ги влечеше“. Жал ми е за детето. Брзата помош стигна брзо,…

Read More