Фудбалскиот натпревар во Тетово помеѓу екипите на Шкендија и Шкупи донесе голем број прекини, последниот се случи заради удар кон линискиот судија.

Во еден момент публиката фрли некаков предмет и го погоди судијата во ногата. Тоа донесе нов прекин и нова мешаница на теренот, по која се вмешаа и фудбалерите на двата тима.

Претходно, во главата беше погоден гостинскиот фудбалер 21-годишниот Ардит Иљази. Пред мечот, пак, беа нападнати фудбалерите и стручниот штаб на гостинската екипа при пристигнувањето на стадионот.

(Видео) Инцидент пред стадионот во Тетово, повредени играчи и докторот на Шкупи