Author: НОВА ТВ Terziova

Црногорскиот парламент со мнозинство гласови ја избра 43-та влада, предводена од премиерот Дритан Абазовиќ, прва малцинска влада во историјата на земјата. Новата влада има четворица потпретседатели и вкупно 18 министерства, а покрај Обединетата реформска акција на Абазовиќ, во неа се и претставници на помали партии што ги претставуваат Хрватите и Бошњаците, Абазовиќ во своето излагање е посочи дека новата влада ќе се заснова на два главни столба – владеење на правото и економски развој, кои имаат пет приоритетни области: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во ЕУ, одржлив развој и заштита на животната средина како и афирмација на децата и…

Read More

Штрајкувачите кои се пред СОНК знаат дека во моментов не се работи за работен спор, туку за штрајк и во случај кога не може да се најде решение помеѓу двете страни, Синдикатот и Владата изјави министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, во изјавата на телевизија 24. Според неа треба да се пристапи кон медијација, со помирувач кој се вклучува во процесот. „Советот на СОНК постапил согласно закон и кога се прифаќа медијацијата и штрајкот се прекинува и учениците и наставниците се враќаат во училиштата и ако се продолжи со штрајк во такви услови ќе има последици. Ако не се…

Read More

Полската министерка за животна средина Ана Москва изјави дека земјите кои плаќаат руски природен гас во рубли треба да бидат казнети, јави Анадолија. „Унгарија, Австрија и Германија ги блокираат руските санкции и се надевам дека Европската комисија ќе ги смета тие земји одговорни“, рече таа, мислејќи на плаќањето за гас во руска валута. Коментирајќи го руското намалување на природниот гас, таа рече дека она што недостасува се целосните санкции против рускиот гас. – Со ова ќе се решат сите проблеми со Гаспром, тоа е она што го очекуваме – посочува таа. Таа нагласи дека гасоводот, познат како „Балтичка линија“, со…

Read More

Сопственикот на кафулето „Ритуал“, Лука Жижиќ (37) е убиен вечерва во неговото кафуле во блокот 44, Нов Белград, пишува српски Курир. Според неофицијални информации, во кафулето дошло до расправија, а потоа и тепачка. Тогаш еден од момците пукал и тешко го повредил сопственикот на кафулето. Напаѓачот испукал шест куршуми од пиштол. Жижиќ бил застрелан во глава, a имал и криминално досие. Потоа наводно избегал со електричен скутер. Лука Ж. со тешки повреди опасни по живот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентниот центар, но им подлегнал на повредите. Полицијата е на местото на престрелката, целата област е…

Read More

Турски државјанин, директор на поликлиника во Приштина, синоќа во полициската станица во Ѓаковица пријавил дека на автопатот Приштина-Албанија, го ограбиле две лица, соопшти косовската полиција. Две лица на возраст од 30 и 35 години, во Малишево го сопреле автомобилот со албански регистарски ознаки со кој управувал турскиот државјанин и се претставиле како полицајци. Лажните полицајци го прегледале автомобилот и ја зеле торбата во која имало околу 50.000 евра, а која се наоѓала под седиштето, телефон и сообраќајната дозвола. Како што соопшти полицијата, турскиот државјанин забележал дека ограбувачите на појасите имале пиштоли, но не ги употребиле. По грабежот, двајцата мажи заминале…

Read More

Согласноста се постигна и очекувавме СОНК да го прифати предлогот од 12% покачување на платите, кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири во емисијата „Вин-вин“. После денешниот ден има реакции зошто е постапено по оваа насока, претежно од граѓаните и наставници. Ние бараме мирно решавање и можеме да отвораме да отвориме дискусии, но најважно е да има настава. Бевме блиску до решение, вели тој. Министерот додава дека во дискусијата се отворени неколку теми. -Во целиот процес кажав дека како социјални партнери сакаме решение. Тоа што беше во делот на СОНК и сите треба да ги гледаме правата и обврските.…

Read More

Од 1 до 5 часот на територијата на Општина Карпош се гаси уличното осветлување и улиците се во мрак, а градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека оваа мерка е воведена оти мора да се штеди, откако сметките за струја се трипати зголемени поради енергетската криза. Во 2020 и 2021 година за улично осветлување биле потрошиле 13 милиони денари за цела година, а сега толку пари се потрошени само во првите три месеци, вели тој. „Сметките кои биле 2 милиони денари сега ни се 7 милиони денари. Тоа се пет милиони денари плус секој месец, односно 80.000 евра. Јас, како одговорен субјект…

Read More

Претседателот на СОНК пред само неколку часа изјави дека Советот на Синдикатот одлучил штрајкот да се стави во мирување додека трае мирното решавање на спорот а членови на Синдикатот во моментов се собираат пред  седиштето бидејќи се незадоволни од одлуката. Ова следува само неколку часа откако претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изјави дела Советот на СОНК ја донел одлука за мирување на штрајкот и продолжување на наставата во основните училишта од утре. Одлуката на раководството на Синдикатот дојде откако Министерството за образование и наука (МОН) упати известување до СОНК за мирно решавање на спорот. Неделков потоа на прес-конференција кажа дека…

Read More

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од немилите настани во Диво Насеље во 2015 година во Куманово. „Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на здружението на ветераните “ЗАПВАРС” од Куманово за изградба на спомен обележје на сите Кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од Кумановските настани од 2015 година. Тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“, истакна…

Read More

Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница. Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика. – Мора да се направи реорганизација на системите кои што не се пипнати 30…

Read More

Грција привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози на денешниот состанок препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатот од EUDCC на влезните точки во земјата“, а останатите одлуки се однесуваат на тестовите за невакцинираните вработени. Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а од Министерството за здравство на Грција додаваат дека деталите ќе бидат објаснети во…

Read More

Вашингтон и Варшава разработуваат планови за воспоставување на контрола на Полска над „историските територии“ во Украина, изјави денес директорот на Надворешната разузнавачка служба на Русија Сергеј Наришкин. „Според информациите добиени од Надворешната разузнавачка служба на Русија, Вашингтон и Варшава разработуваат планови за воспоставување цврста воено-политичка контрола на Полска над „нејзините историски територии“ во Украина“, кажа тој. Станува збор, всушност, за обид да се повтори историскиот „договор“ за Полска по Првата светска војна, кога колективниот Запад, претставен од Антантата, го призна правото на Варшава да окупира дел од Украина за да го заштити населението од „болшевичката закана“, а потоа да ги…

Read More