Претседателот на СОНК пред само неколку часа изјави дека Советот на Синдикатот одлучил штрајкот да се стави во мирување додека трае мирното решавање на спорот а членови на Синдикатот во моментов се собираат пред  седиштето бидејќи се незадоволни од одлуката.

Ова следува само неколку часа откако претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изјави дела Советот на СОНК ја донел одлука за мирување на штрајкот и продолжување на наставата во основните училишта од утре.

Одлуката на раководството на Синдикатот дојде откако Министерството за образование и наука (МОН) упати известување до СОНК за мирно решавање на спорот.

Неделков потоа на прес-конференција кажа дека Советот на СОНК расправал за известувањето од МОН и се консултирал со правници, па одлучиле штрајкот да го стават во мирување додека трае решавањето на спорот. Доколку не се постигне решение, порача тој, штрајкот повторно ќе се активира.