Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема ништо лошо во тоа што се гаси светлото после полноќ во Карпош, смета Јакимовски

0
By НОВА ТВ Terziova on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2022 19:32

Од 1 до 5 часот на територијата на Општина Карпош се гаси уличното осветлување и улиците се во мрак, а градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека оваа мерка е воведена оти мора да се штеди, откако сметките за струја се трипати зголемени поради енергетската криза. Во 2020 и 2021 година за улично осветлување биле потрошиле 13 милиони денари за цела година, а сега толку пари се потрошени само во првите три месеци, вели тој.

„Сметките кои биле 2 милиони денари сега ни се 7 милиони денари. Тоа се пет милиони денари плус секој месец, односно 80.000 евра. Јас, како одговорен субјект кој ја води оваа општина, имам на располагање две можности. Првата можност е да штедиме, а втората можност е да ја покачиме цената за улично осветлување, односно вие како граѓани сега плаќате по 150 денари по тарифно броило за улично осветлување, а во иднина би требало да плаќате околу 500 денари за да можеме да ги покриеме трошоците. Ако граѓаните инсистираат на таа варијанта тогаш јас сум подготвен да одиме на референдум па како ќе одлучат граѓаните така, сакаат да штедиме или сакаат сметките да бидат поголеми“, вели Јакимовски.

Светлото се исклучува од 1 до 5 часот, и со тоа се заштедуваат околу 30 проценти од сметката. Јакимовски смета дека нема ништо лошо ниту на некого се одразува тоа што се гаси светлото после полноќ.

„Претпоставувам и вие дома штедите бидејќи е криза и војна. Кафеаните работат до полноќ, ние гасиме светло во 1, часот што сметаме дека е доволно време сите кои одат во кафеани да се вратат дома. Да ги имаме парите, па ај да речеме ќе плаќаме волку високи сметки. Но, ги немаме и доколку не штедиме треба да прекинеме со другите проекти. Сметам дека граѓаните не се воопшто оштетени“, вели Јакимовски.

Јакимовски карпош Македонија улично светло
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.