Author: Marija Todorovska

Климатските промени и растот на температурите предизвикани од човечкиот фактор се одговорни за смртта на околу 16.500 лица во Европа во текот на ова лето, се наведува во студија на група британски истражувачи на климата и здравјето.

Read More

Со премиерната изведба на „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, Националната опера и балет в петок, на 19 септември, ја отвора новата балетска сезона. Во претставата по либрето на Ефтим Клетников, главните ликови им се доверени на Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).

Read More

Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска! Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници  ученици. Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска, рече на прес конференција Јованче Манасков од СДСМ. Тој потсети дека Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, а денеска учебници се уште нема и тие што ги има се искинати и парталави. Со една работа се пофали Јаневска и излажа! Учебници нема! Признанието на Јаневска дека учебници нема, но дека допрва ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно. Па што му е…

Read More

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, пред училиштето „Киро Глигоров“ ја презентираше својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани.

Read More

Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на 22 септември. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти.

Read More

Комисијата што беше формирана за разјаснување на сомнежите околу кардиохируршките интервенции веќе се состанала три пати и ги анализирала првите осум пријавени случаи, изјави министерто за здравство Азир Алиу.

Read More

Хуманитарните групи ги повикаа светските лидери да сторат повеќе за да ја спречат војната меѓу Израел и Хамас, предупредувајќи дека неактивноста ќе чини повеќе животи, објави ДПА. Групите го упатија својот апел пред Генералното собрание на ОН следната недела.

Read More

Израелската полиција ги растера демонстрантите кои протестираа пред приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим повеќе од 24 часа, барајќи договор за размена на заложници.

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата за период од три години за пролетната и есенската орална вакцинација изнесува околу 2,5 милиони евра.

Read More

Заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа, и министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите и кандидат за градоначалник за Шуто Оризари, Шабан Салиу, во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа изјавиле дека не ја слушнале изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, дадена во подкастот „На кавга со Иван“ на Канал 5.

Read More