Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа загуби 16.500 животи ова лето поради жештините

0
By Marija Todorovska on September 17, 2025 ВЕСТИ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 17, 2025 13:19

Климатските промени и растот на температурите предизвикани од човечкиот фактор се одговорни за смртта на околу 16.500 лица во Европа во текот на ова лето, се наведува во студија на група британски истражувачи на климата и здравјето.

Врз основа на истражување на климатскиот модел во 854 европски градови, научници од Империјалниот колеџ во Лондон и епидемиолози од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, утврдиле дека како резултат на глобалното затоплување температурите во Европа во периодот јуни-август биле за 2,2 степени Целзиусови повисоки во однос на просекот за тој период од годината.

Според нив, во посочениот период бројот на починати лица во тие градови бил за околу 24.400 поголем од просечниот, но дека сите тие смртни случаи не се последица на зголемените температури. Сепак, глобалното затоплување, како што се оценува во студијата, е одговорно за речиси 70 отсто од „вишокот“ смртни случаи или за смртта на околу 16.500 лица.

Научниците посочуваат дека до овие резултати дошле врз основа на истражувачкиот модел и дека не се базираат на вистинските бројки на смртни случаи во европските градови во текот на ова лето, бидејќи „на повеќето земји им треба долго време да ги објават тие податоци“. Сепак, тие нагласуваат дека нивните проценки се во „реалната рамка“ на смртни случаи.

Во студијата се проценува дека бројот на смртни случаи за време на топлотните бранови е значително потценет, бидејќи дел од официјално наведените причини за смрт, како срцеви, респираторни или други здравствени проблеми, бележат раст со зголемувањето на температурите.

Во земјите најтешко погодени од топлотниот бран – Романија, Бугарија, Грција и Кипар, каде температурите беа и до шест степени Целзиусови повисоки од просекот, во периодот од 21 до 27 јули се проценува дека имало 950 „вишок“ смртни случаи како последица жештините или околу 11 смртни случаи дневно на еден милион луѓе.

Според истражувањето, најмногу проценети смртни случаи како резултат на климатските промени – 835 имало во Рим, по што следуваат Атина со 630 и Париз со 409. Повеќе од 85 отсто од проценетите „вишок“ починати биле луѓе на возраст од 65 години, а околу 40 проценти постари од 85 години.

Ваквите податоци, според научниците се особено алармантни ако се земе предвид дека се очекува до 2100 година над 15 отсто од жителите на Европа да бидат на возраст од 80 години, додека во исто време континентот се затоплува најбрзо во светот.

Во градовите во Европа живее околу 70 проценти од вкупното население, а до 2050 година се проценува дека таа стапка ќе се зголеми на 80 отсто. Дополнително, температурите во европските урбаните средини можат да бидат и до 10 степени Целзиусови повисоки отколку во руралните области, ефект нарече „урбан топлотен остров“.

Дури и неколку степени плус можат да предизвикаат големи скокови на смртни случаи кога ранливите популации се изложени на температури над границите на кои се навикнати, се наведува во студијата.

Еден од авторите на студијата, Гарифалос Константинудис вели дека зголемувањето на температурите при топлотен бран за само 2 до 4 степени Целзиусови, може да биде резултира со смрт на илјадници луѓе, па оттаму, според него, топлотните бранови се „тивки убијци“.

Но, во истражувањето се посочува и дека причината за зголемената смртност ова лето, покрај на зголемените температури, се должи и на подготвеноста на градовите да реагираат на екстремните жештини, демографската структура на населението, како и на загадувањето на воздухот.

Истражувачите посочуваат и дека изнесените бројки во студијата не се целосни, бидејќи со анализата не биле опфатени некои региони во Европа, како на пример делови од Балканот.

Во слична студија на „Нејчр Медисин“ за летото 2023 година, беше проценето дека растот на температурите резултира со над 47.000 „вишок“ смртни случаи во Европа.

Оваа 2025 година беше регистрирано четвртото најжешко лето во Европа откако се води евиденција за температурите. 

Европа климатски промени студија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.