Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Немаме слушнато за изјавата на Ангелов за селење на Роми од Вардариште

0
By Marija Todorovska on September 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 16, 2025 14:40

Заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа, и министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите и кандидат за градоначалник за Шуто Оризари, Шабан Салиу, во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа изјавиле дека не ја слушнале изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, дадена во подкастот „На кавга со Иван“ на Канал 5.

Во подкастот, Ангелов изјави дека решението за депонијата Вардариште е „со сила да се реши проблемот со една ромска група“, која според него, е одговорна за палење отпад.

„Се оградувам, не мислам на сите Роми, да не бидам обвинет за шовинизам, расизам и така натаму. Но оние Роми коишто живеат во депонијата се тие што палат кабли за да го извлечат бакарот…“, изјави Ангелов.

Иако водителот Иван Мирчевски и Сотир Костов се обидоа да го коригираат, посочувајќи дека евентуално преселување мора да биде на хуман и достоинствен начин, не на сила, Ангелов категорично одговори:

„Јас сум за агресивна реакција. Мене ако ме прашувате јас би го решил тоа по кратка постапка, ги селам од таму… Ако е потребно и на сила“.

Актуелните функционери во Владата, Мустафа и Салиу, за ЦИВИЛ ветија дека ќе дадат изјава откако ќе ја слушнат целосната изјава на Ангелов, поврзана со „агресивната реакција и решавање на проблемот на Ромите по кратка постапка и по потреба и на сила“. До објавувањето на текстот, ЦИВИЛ не доби одговор од нив.

Извор: ЦивилМедиа

Ангелов Роми Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.