Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот процес за Онкологија продолжува, пресудата за Пешевска која призна вина на 22 септември

0
By Marija Todorovska on September 17, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 17, 2025 11:48

Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на 22 септември. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти.

За делото што и се става на товар на Пешевска е предвидена казна затвор до три години.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во завршен збор рече дека обвинетата изразила искрено признание и каење и дека во текот на целата постапка и пред ЈО и во Судот има примерно поведение, меѓутоа има и отежнителни околности.

Тоа е дека последиците од дејствијата е што кај седум пациенти дошло до нарушување на здравјето. Како онколог имала зголемена должност на внимание, како и тоа дека неовластениот пристап и користење на факсимеклот се случувало во континуитет. Имајќи ги в предвид сите околности и признание на вина ЈО предлага Судот да ја прогласи за виновна и казни согласно закон, изјави Гоговска Јакимовска.

Бранителот на Пешевска, адвокат Влатко Китановски во завршен збор рече дека иако обвинетата призна вина дека од небрежност постапила, мора да бидеме искрени и да се запрашаме дали овој доктор треба да биде гледана како криминалец.

Тоа што ги споделила со друг доктор своите лични податоци и факсимил Мери немала намера или корист, туку цел да им помогне на пациентите. Тоа што некој ги злоупотребил треба да одговара за тоа, изјави Китановски.

Според Китановски, не може да ја осудуваме за момент на небрежност, кога целокупниот работен век служи на пациентите и спасување на животи.

Не треба да се фокусираме само на моменталната грешка, туку и на целокупниот напор и вложување во својата професија. Затоа барам од судот да изрече соодветна санкција која ќе биде и казна, но и ќе овозможи обвинетата да продолжи да лекува пациенти, изјави адвокатот.

Бранителот на Пешевска, пред Судот претходно изведе докази за олеснителните околности за Пешевска, како допис од Клиниката дека е вработена од 2002 година и во 2025 е назначена за раководител и оти во нејзината досегашна работа немало поплаки против неа, дека е мајка на две деца, сертификати од конгреси и обуки, благодарници од дома и странство, како и дека нема забрана за вршење дејност, ниту дека е осудувана.

Со овие докази одбраната покажува дека Обвинетата како доктор дава несебичен однос како кон третман така и кон лекување на сите пациенти и дека дава несебичен однос на работното место, изјави адвокатот.

Обвинетата Пешевска, пред Судот рече дека целиот свој живот го посветила на пациентите и дека на Клиниката за онкологија е вработена од 2002 година, а од 2007 година е специјалист онколог.

Јас сум го дала или оставила корисничкото име и лозинка во амбуланта, а факсимелиот на шалтер се со цел пациентите навремено да завршат со терапија и да се вратат дома. Никогаш не сум помислила дека тоа ќе биде злоупотребено од страна на доктори онколози како што било случај сега. Ваквата состојба и пракса била присутна не само на нашата клиниката, туку на целиот комплекс. Досега сме имале почит кон колегите и оттука јас од мојата небрежност и невниманието сум ги ставила своите лични податоци на располагање и истите биле злоупотребени. Сакам да кажам дека од тогаш, а се мрднам од амбуланта печатот е со мене и се исклучувам од систем и го гасам компјутерот. Мој термин, порано на шалтер закажуваа прегледи, сега исклучиво тоа го правам јас, изјави Пешевска.

Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска.

Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина.

Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите.

Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината, изјави Пешевска.

Васев и двајцата обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, двајцата вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Судот негираа вина.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

мери пешевска Онкологија судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.