Author: Marija Todorovska
Скопје: Педест и седум годишен скопјанец ноќеска бил пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, соопшти МВР.
Илјадници луѓе на главните улици и булевари во Белград, некои седнати на скалите пред влезовите на зградите, со шолја кафе во рака чекаат – ништо помалку од револуција, пишува австриски Стандард, а пренесува Дојче веле.
Кристина Костова: Овој начин, на којшто се одвидаат работите е комплетно погрешен, затоа што велиме дека ако сакаме сите да заеднички да придонесеме како општествени чинителии, за позитивни промени тогаш треба тие промени да бидат коренити, суштински, темелни, а гледаме дека она што се случува е удар врз правосудниот систем, на некој начин е упад во судскиот систем, затоа што е спротивен на препораките на оценската мисија, кои не предвидуваат партизација на судството.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се намалуваат буџетите и надлежностите на „Гласот на Америка“ и уште шест федерални агенции.
Преговорите за продолжување на примирјето во Газа не успеаја да доведат до договор, соопшти палестински претставник за Би-Би-Си, додека САД го обвинија Хамас дека поставува „целосно непрактични“ барања на разговорите во Катар.
Студентите од Факултетот за применети уметности на Плоштадот на Републиката изведоа перформанс со четири големи фигури – кукли кои, како што објаснија, ги претставуваат студентските барања.
Две жени и еден маж се повредени во Белград од страна на возач кој намерно удрил во нив додека се подготвувале да заминат на протест во центарот на градот. Лицата се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, и констатирани полесни повреди, соопшти МВР на Србија.
Според Зајкова намалениот број на транзитни патници и товарен сообраќај ќе бидат лош индикатор за можностите и перформансите на Македонија. Тоа не смее да се дозволи.
Ден пред големиот протест во Белград, железничкиот сообраќај е во прекин поради наводна закана за бомба, а Јавното претпријатие патишта на Србија објави дека ќе има „комбинирано затворање на лентите за запирање, возење и претекнување, до 1 километар во работната зона“ на автопатот Е75 на делот Инѓа – Стара Пазова кон делот од Денот на Белгија.
