Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странски медиуми: Пролетта е во Белград – ништо помалку од револуција

0
By Marija Todorovska on March 15, 2025 ВЕСТИ, ФОКУС
Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 15, 2025 16:09

Илјадници луѓе на главните улици и булевари во Белград, некои седнати на скалите пред влезовите на зградите, со шолја кафе во рака чекаат – ништо помалку од револуција, пишува австриски Стандард, а пренесува Дојче веле.

„Во Белград е пролет. Од утрото од сите страни се слушаат свирежи и сирени кои стануваат се погласни и погласни. „Илјадници луѓе на главните улици и булевари, кои се целосно затворени во центарот“, пишува австриски Стандард за Белград на 15 март, а пренесува ДВ .

„Граѓаните поставија маси на тротоарите. На демонстрантите им делат освежување: вода, грицки, па дури и ќебапи. Многумина едноставно седат на скалите пред влезовите на зградите, со шолја кафе во рака и чекаат – ништо помалку од револуција.

Некои носеа звучници за да пуштаат музика. Во еден агол мало девојче танцува со два пропелери во рацете, следејќи го ритамот на песните. „Неколку луѓе носат транспаренти со зборовите: „Пумпа!“, со нацртано срце до него“, ја опишува авторката Аделхјад Волфли.

„Протестното движење се издвојува пред се по својата истрајност“, забележува авторот. „Веќе четири месеци факултетите се блокирани, веќе четири месеци студентите патуваат низ државата и секаде се пречекани со голема радост, како да се долгоочекувани ослободители од репресивен систем. Многу групи во српското општество – од сите можни идеолошки кругови, сите генерации и општествени класи – се приклучија на протестот во последните недели“.

„Едно е јасно: нема да дозволат режимот да ги избрка студентите. Ноќта меѓу петокот и саботата непознати лица нападнале професор и студент пред Техничкиот факултет. „Сепак, на режимот ќе му биде тешко да ги потисне протестите со насилство, бидејќи сега ги има премногу – премногу што сакаат правна држава и демократија, а не корумпирана автократија што моментално владее во Србија“, пишува Стандард.

Фото: Скриншот Фонет
Фото: Скриншот Фонет

За протестите пишуват и италијанските медиуми.

Огромна толпа луѓе во Белград протестира против владеењето на претседателот Александар Вучиќ и неговата влада, пишува италијанскиот весник „Il sole 24 ore“, нагласувајќи дека ова е кулминација на повеќемесечните речиси секојдневни протести поради корупцијата во владата.

„Овие протести се најголемиот предизвик за цврстата контрола на Вучиќ над власта во Србија во последните 13 години“, пишува италијанскиот деловен дневен весник.

Со будно око протестите ги следат и хрватските медиуми.

Десетици илјади граѓани утринава пристигнаа во Белград на масовен студентски и граѓански протест кој се проценува дека е еден од најголемите собири во поновата историја на Србија, објавија денеска хрватските медиуми.

Белград протести странски медиуми студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.