Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Долга е раката на ВМРО

0
By Marija Todorovska on March 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 14, 2025 14:58

Зоран Иванов

Ги враќа ли ова ДПМНЕ почетните деведесети кога подземно работеше во тројки, кога, ги вадеше кубурите комитски, кога им ги сечеше ноктите на орлите и кога ги бесеше србите на врбите?

Вчера, пред немуштиот тв водител во едно практично соло интервју, премиерот наш насушен, кој себеси пред камерите се самоименуваше како Мицко, фрли грст закани налик на оние што вмро ги чифташе почетните деведесети.

Закани до интерпелацираните членови на Судскиот совет да си заминат бргу и доброволно за да не им се случел народ.

Ваква нахалност би требало да е резултат на неговото ново нормално. Очигледно така нашиот премиер ја сфаќа политичката моќ.

Само што, при тоа, галиба не разбира дека таа, моќтта, не му е наследена од династија туку му е одредена изборно од граѓаните и дека е и минлива и менлива.

Нејсе, карактер.

Туку, оставки или ќе им се случел народ.

Членовите на Судскиот совет, претпоставувам, ќе си поднесат оставки.

Ќе си заминат зашто во реално, во амбиент на неконтролирана моќ, не ќе можатат да се справат со долгата рака на вмро.

Имаат деца, родители, сопрузи, сопруги.

А пред налетот закани дека ќе им се случи народ, нема механизам, нема институција која може да ги заштити од вакви методи со праќање пораки до тврдокорните послушни поддржувачи.

Едноставно, нема лична заштита од владеење како во најцрните тоталитаризми кога револуциите и мракот на длабоките  држави ги јаделе своите деца.

Ќе им се случел народ, ќе го предводел Тој.

Всушнот, единствено што од народ може да се случи, ќе се случи народ партиски.

Ќе се случи онака спонтано, со автобуси и сендвичи.

Премиере, изгледајте си го интервјуро кое всушност и не беше интервју туку Ваш монолог полн со паушални херојства и лажни гордости.

И, што всушност е првата тема на овие неколку реда, на закани од позиција на која само времено сте.

Толку.

Туку, соберете троа доблест да им се извините и на интерпелациираните членови на судскиот и на тв гледачите.

Има денови кога едноставно не ни оди.

Тоа.

А раката на вмро?

Па, па толку долга – баш и не е.

 

 

Зоран Иванов интерпелација Мицкоски Судски совет тв интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.