Author: Marija Todorovska
Во овие месеци владеење, кога економски сè повеќе тонеме, кога сиромаштијата никако да се оттргне од нашите кошнички кои зјаат жално празни, какви што се и нашите животи. Тогаш кога не можете ништо друго да им испорачате на граѓаните, освен изобилство од национализам и омраза, немате друго решение, морате да ја извадите од нафталин темата со која ќе ги вжештите главите на заслепените и заблудените. Ќе ја подгреете тензијата, ќе ја загреете до степен на експлозија дебатата за идентитетот.
Европската Унија сака да биде партнер со САД за да се обезбеди праведен и траен мир за Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по нејзината денешна средба во Брисел со специјалниот американски пратеник за Украина и Русија, генералот Кит Келог.
Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.
На 18 март 2025 година во Македонската филхармонија Јордан Костов и Пријатели ќе ја запознаат публиката со невното најново музичко остварување „Маглота“.
Загреб: Во строгиот центар на Загреб, во мај ќе биде отворен Музејот на историјата на видеоигрите. Во него ќе бидат претставени повеќе од 3.000 експонати коишто сведочат за еволуцијата на видеоигрите и цела таа гејмерска култура од 1960-тите до почетокот на ова илјадалетие.
Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.
Авион на „Делта ерлајнс“, кој летал од Минеаполис, се урна и се преврте на пистата на меѓународниот аеродром во Торонто Пирсон.
Поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија во 2024 врз основа на анкета од октомври до декември минатата година.
Британската невладина организација Оксфам денеска соопшти дека само седум отсто од водата од пред конфликтот сега им е достапна на Палестинците во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, што го зголемува ширењето на болестите и ја влошува здравствената катастрофа во енклавата.
Што значи Светската галерија на карикатури во светот на карикатурите ќе илустрирам само со овој пример: да бидеш во каталогот на СГК значи дека си ОДЛИЧЕН КАРИКАТУРИСТ, а да бидеш награден – значи дека си СВЕТСКИ ВРВЕН КАРИКАТУРИСТ!.
Денеска се покажа уште едно лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите, рече пратеникот Јован Митрески од Социјалдемократскиот сојуз.
