Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пукна тиквата“ кај коалициските владини партнери за државниот грб

0
By Marija Todorovska on February 18, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2025 10:55

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.

Дестан Јонузи

Пукна тиквата кај владините коалициски партнери поради промената на државниот грб. Најголемиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на Максим Димитриевски имаат различни позиции по ова прашање. Додека ВМРО-ДПМНЕ е за промена, па дури и има идеја како ќе изгледа новиот државен грб, ЗНАМ на Максим Димитриевски е против.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, смета дека Македонија не треба да остане меѓу ретките држави кои сè уште користат советска симболика на својот државен грб, заедно со Белорусија, Таџикистан и со Ангола.

Според него, отворањето на дебатата за измена на грбот не е поврзано со економската криза или со претстојните локални избори.

– Оваа иницијатива нема врска со изборите. Доколку зборуваме за современи државни обележја, засновани на хералдички принципи, тогаш Македонија навистина треба да изгради грб што ќе ја одразува нејзината историја и определби. Нашата земја има богато историско наследство, кое може да ги поврзе АСНОМ, илинденскиот период и други значајни моменти, а сето тоа да биде претставено преку еден современ државен грб. Таков симбол би ја позиционирал Македонија како дел од европските држави – изјави Милошоски, коментирајќи ја дебатата за промената на државниот грб.

Тој нагласи дека ова прашање не треба да се гледа како средство за дефокусирање на јавноста, туку како можност за креирање обележје што подобро ќе ја претставува земјата на меѓународно ниво.

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.

Третиот партнер во владината коалиција, ЗНАМ, смета дека ако веќе разговараме за промени на грбот или на државните обележја „ќе се отвори една голема дискусија, една голема тема“.

– Сите тие симболи нам нѝ значат, вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш, коешто за жал согласно Преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија, но, како и да е – исто така е и петокраката. Ќе отвориме дискусија, па ќе видиме. Не сакам да отфрлам ништо од самиот почеток, изјави Димитриевски.

ЗНАМ, посочи Димитриевски, сметаат дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација.

Против измените се изјасни и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека државниот Грб доволно ги прикажуваат сите придобивки од народноослободителната војна и дека нема поделба по етничка линија.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека политичкиот курс за промена на Грбот доаѓа по разговорите со коалициските партнери ВЛЕН. Владејачките албански партии бараат да се смени химната заедно со грбот и да се отсрани придавката 20% за Албанскиот јазик од Уставот.

Но, прашањето за државниот Грбот не е ново, бидејќи во 2014 година се разговараше меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за вклучување на лавот во него како симбол што би ги претставувал и Албанците. Сега од партијата на Мицкоски оценуваат дека ќе се отвори дебата за измените, со цел да се постигне консензус во недефиниран рок.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

ВЛЕН државен грб ЗНАМ Мицкоски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.